fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
klimatskite promeni ostavaat rani vrz jabolkoto featured

Климатските промени оставаат рани врз јаболкото

  • Иако јаболкото е култура која што релативно доцна цвета, се случува на одредени локалитети да имаме измрзнување во помал или повисок процент.
  • Силните дождови и град, но и силното сончево и УВ зрачење и сушата значително влијаат на јаболкото.
  • Треба да се изберат локации, сорти, како и да се направат промени во системот на одгледување за да може да се намали ефектот од климатските промени.

Јаболкото како култура, како овошен вид, на македонската трпеза па и во нашите навики е значаен производ. Опеано е во многу песни, во многу преданија и поговорки.

Нашиот соговорник, професорот на Земјоделскиот факултет Тошо Арсов, се согласува дека јаболкото е овошна култура која што е најзастапена во нашата држава.

Но, колку се јаде овој плод кај нас и каква е неговата преработка?

arsov 300x300 1„По производство по глава на жител, споредено со некои европски држави, ние сме на малку пониско ниво, меѓутоа споредено со големите производители, со Кина, сме на високо ниво, зборуваме за производство по глава на жител. Споредбено тоа производство по онаа народната – едно јаболко преку ден секој човек да изеде е помалку“, вели Арсов.

Поради климатските промени, земјоделието страда во неколку насоки. Првата е доцните пролетни мразови или Нова Година на куси ракави. Колку ова му пречи на јаболкото?

Арсов укажува дека иако јаболкото е култура која што релативно доцна цвета, се случува на одредени локалитети да имаме измрзнување во помал или повисок процент.

klimatskite promeni ostavaat rani vrz jabolkoto 1

Jаболкото е најзастапена овошна култура во нашата држава

Втората појава што влијае е невремето, силните дождови и град.

„Самиот град освен што ги оштетува плодовите што се директно присутни, често знае да направи и индиректна штета за наредната година, уништувајќи го прво вегетативниот дел, односно гранките, листовите, а на некој начин и пупките кои што за наредната година треба да формираат род бидејќи родот се формира една година претходно“, додава професорот Арсов.

Третата појава е силното сончево и УВ зрачење. Ова значително влијае кај јаболкото.

„Појавата на обојувања во прв момент е како одбрамбен механизам на растението кон тие силни зрачења, меѓутоа некогаш не успева, заради немање доволно вода, заради пресилно зрачење па доаѓа до изгореници, буквално изгореници на покожицата кои што понатаму влијаат врз надворешниот изглед на плодот, врз квалитетот на плодот“, вели Арсов.

klimatskite promeni ostavaat rani vrz jabolkoto 2

Временските (не)прилики се одразуваат на родот

Сепак, сушата е најголемиот проблем за одгледување на јаболко.

„Јаболкото спаѓа во групата на континентални овошни видови и бара, за негово нормално одгледување, да има доволно наводнување, како и повеќето овошни видови бидејќи водата е таа која што го лади, водата влегува во градбата на плодот. Затоа е потребно вода! Без вода не може да се размислува интензивно производство!“, објаснува нашиот соговорник.

Климатските промени бараат нови технологии на производство.

Професорот Арсов вели дека изборот на локација секако дека може да помогне во однос на намалување на ефектот од климатските промени. Тој посочува дека треба да се изберат локации во однос на мразовите, во однос на градот итн. Потоа следува изборот на сорти, изборот на систем на одгледување… сето тоа може да влијае врз намалување на овој ефект.

Јаболкото е автохтон вид од овие простори. Поради глобалното затоплување ќе бара промени, но добрата вест е дека во следните 100 години ќе опстои.

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Катерина Топалова Дејановска
Снимател: Наке Батев
Монтажер: Ристо Душковски