fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
mozat li klimatskite promeni da ni go zemat lebot featured

Можат ли климатските промени да ни го земат лебот?

  • Климатските промени и сега и во иднина ќе се чувствуваат преку концентрација на надворешни услови, на пример, премногу дожд или премногу суша, во невообичаени периоди.
  • Кај пченицата и кај уште неколку житни култури засега нема нерешливи проблеми, но фармерите треба да се прилагодат на нив.
  • Во иднина можеби и пченицата ќе почне да се одгледува во регулирани услови, односно во пластеници, покровни оранжерии како доматите, цвеќињата и други култури.

Без пченица нема брашно, без брашно нема леб, а на македонската трпеза ако нема леб, тогаш нема јадење. Може ли глобалното затоплување да ни го земе овој основен производ, оваа стратешка култура?

Професорот од Земјоделскиот факултет во Скопје Дане Бошев вели: Климатски промени отсекогаш имало, овие што ние сега ги чувствуваме се од познати причини.

bosev 300x300 1„Секако дека тоа влијае и на житните култури, особено на пченицата како стратешки производ. Сѐ уште ние не сме навикнати, туку одгледуваме пченица по одредени традиционални норми. Со климатските промени ќе треба тоа секако да се промени“, вели професорот Бошев.

Климатските промени кај пченицата и кај уште неколку житни култури засега не предизвикуваат нерешливи проблеми. Она што мора да се случи е фармерите да се прилагодат на нив.

„Што би значело тоа? Поинаква агротехника, повеќе пати третирање за болести, за штетници, поместување некои рокови на сеидба, на жетва и така натаму, сето тоа следејќи ја ситуацијата со дождови, суши, кои што се менуваат во однос на претходно како што беше во една календарска година“, вели тој.

За да биде посликовито, оваа е типична година на поместени рокови. Јуни е познат како жетвар, а зрното постепено жолтее, но не и годинава. Поради поголемите врнежи пченицата е сѐ уште зелена, рокот е пролонгиран, налевањето на зрното исто така се пролонгира.  Но, ова е добра вест, бидејќи поради ова се очекува подобар принос.

Климатските промени и сега и во иднина ќе се чувствуваат преку концентрација на надворешни услови

Поголемото третирање или заштита, понекогаш создава чувство на страв, на опасност кај крајниот конзумент. Колку треба да нè плаши употребата на пестициди и опасни хемикалии?

„Кај житните култури главно се употребуваат заштитни средства кои што имаат одредена каренца која што не влијае на конечниот производ, односно на зрното“, објаснува професорот Бошев.

Климатските промени и сега и во иднина ќе се чувствуваат преку концентрација на надворешни услови, на пример, премногу дожд или премногу суша, во невообичаени периоди.

Професорот Бошев претпоставува дека поради ова во иднина можеби и пченицата ќе почне да се одгледува во регулирани услови, односно во пластеници, покровни оранжерии како доматите, цвеќињата и други култури.

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Катерина Топалова Дејановска
Снимател: Наке Батев
Монтажер: Ристо Душковски