За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Загадувањето ќе се намали со користење обновливи извори на енергија

Во Македонија има три основни столба кои ќе помогнат да се намали загадувањето – намалување на потрошувачката на електрична енергија, користење обновливи извори на енергија и гасификација. Со мерките за енергетска ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија, до 2035 година може да се намали загадување кое е еднакво на денешното загадување од РЕК Битола.

Дел од приоритетните мерки кои треба да се применат се субвенции за греење кое не загадува, домаќинствата да вградуваат сончеви колектори за производство на струја, проширување на топлификацискиот систем, промена на сообраќајниот режим во Скопје, автобуси на електричен погон и забрана за градежни активности кога загадувањето надминува одредена граница. ResPublica видео подкаст со професорот Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност и Соња Ристеска од Аналитика тинк тенк.

Веб верзија:

ТВ верзија:

Сподели