fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
jaglenot e najevtin no zagaduvanjeto i posledicite od nego se najgolemi featured

Јагленот е најевтин, но загадувањето и последиците од него се најголеми

  • Најголемиот дел од производството на електрична енергија во Македонија се потпира токму на јаглен.
  • На територијата на Македонија утврдени се околу 20 наоѓалишта на јаглен. Вкупните геолошки резерви се проценувааат на 2,5 милијарди тони.
  • Јагленост е лесен за најевтин од сите фосилни горива, лесно се складира, произведува најмалку отпад.
  • При ископувањето јаглен, природното живеалиште е секогаш нарушено, а загадувањето со јаглен предизвикува серизони здравствени проблеми кај луѓето.

Јагленот е седиментна карпа која може да генерира електрична енергија. Тоа е најевтиното и најдостапното фосилно гориво. Главно се произведува во Кина, Индија и Азија. Најголемиот дел од производството на електрична енергија во Македонија се потпира токму на јаглен. Во оваа епизода зборуваме за некои негови значајни предности и недостатоци.

Една од најчестите предности на јагленот позната на сите е тоа што во споредба со другите фосилни горива е најевтин. Но, лошата страна е дека иако моментално го има во изобилство, тој е необновлив извор на енергија.

jaglenot e najevtin no zagaduvanjeto i posledicite od nego se najgolemi 1

Освен чад, јагленот речиси и нема друг отпад, но тој е канцероген и може да предизвика рак

Јагленот е лесен за складирање. Но, луѓето кои се изложени на јаглен, вклучително и луѓето во блиските заедници и рударите кои носат заштитна опрема, се изложени на ризик од здравствени проблеми во ископувањето јаглен. Најчести здравствени проблеми што се јавуваат поради вдишување на прашината се астма, гушење, пневмонија.

Јагленот може да се користи во сурова форма. Може, исто така, да се претвори во гасна и течна форма. Освен за енергија, индустриите може да ги користат овие форми и за производство на хемикалии што, пак, се користат во производството на материјали за домаќинството. Но, при ископувањето јаглен, природното живеалиште е секогаш нарушено, оштетувајќи ја животната средина. Загадувањето со јаглен поради ископувањето може да влијае и на изворите на вода за околните заедници.

Јагленот е необновлив извор на енергија која произведува многу малку отпад во споредба со другите форми на енергија. Освен чадот од јагленот, речиси и нема друг отпад. Но, кога велиме САМО чадот, важно е да се знае дека јагленот произведува високо ниво на јаглерод диоксид. Овој чад е канцероген и може да предизвика рак.

Ископувањето јаглен создава големи можности за работа, но ако е на места каде што живеат луѓе, на долг рок, тие можеби ќе треба целосно да го напуштат

Ископувањето јаглен е голем бизнис. Оттука, за разлика од другите извори на енергија, создава неколку можности за работа за возачи, рудари, чистачи, натоварувачи, менаџери… Но, ако јагленот се користи на места каде што живеат луѓе, на долг рок, тие можеби ќе треба целосно да го напуштат, затоа што долгорочно ги прави овие места непријатни со тоа што го нарушува нивното здравје и животната средина.

На територијата на Македонија утврдени се околу 20 наоѓалишта на јаглен. Вкупните геолошки резерви се проценувааат на 2,5 милијарди тони. За електроенергетски цели од сите овие интересни се Пелагонискиот и Кичевскиот басен, а перспективен потенцијал можат да бидат Мариовскиот и Тиквешкиот басен.

На Пелагонискиот и Кичевскиот басен изградени се двете наши термоцентрали на лигнит, кои претставуваат стожер на електроенергетскиот систем со учество во вкупно произведената електрична енергија од 80-85 отсто.

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Катерина Топалова Дејановска
Снимател: Наке Батев
Монтажа: Ристо Душковски


Поврзани стории: