Ден на Земјата
Светскиот ден на планетата Земја, оваа година го одбележуваме додека природата и живиот свет на планетата се соочени со големи предизвици и опасности. Климатските промени и појавите кои доаѓаат со нив се се поочигледни, биолошката разновидност се соочува со масовно истребување, а речиси да нема дел од планетата без пластика во или на него. Од нас, луѓето како вид, зависи на каква планета ќе сакаме да живееме. Дали можеме да замислиме подобра Земја за сите нас?
Сценарио: Ана Алексовска, Кирил Пржо
Режија: Ана Алексовска
2Д илустрација: Филип Велковски
Композитинг: Горјан Атанасов
Наратор: Ѓорѓи Нешкоски