fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
nagrada na iks i doma

Документарец на ИКС награден на Меѓународниот фестивал за заштита на природата и животната средина

Документарниот филм на ИКС „Другата страна на туризмот“ е награден на Меѓународниот фестивал за заштита на природата и животната средина, еден од најголемите тематски настани поврзани со заштита на животната средина и филмови за природата во Унгарија и регионот, што по деветти пат се одржа во Будимпешта од 19 до 21 мај.

Документарниот филм беше избран за наградната секција Филм за природата. Филмот, кој беше изработен за Дома, објаснува дека како што туризмот се развива во една од најголемите индустрии, неговото влијание врз животната средина се зголемува, како и ризикот екосистемите на морињата и езерата да се претворат од место за релаксација во главен извор на големи еколошки проблеми.

Инаку, мисијата на Меѓународниот фестивал за заштита на природата и животната средина е да ја подигне јавната свест во однос на заштитата и зачувувањето на биолошката разновидност, природните ресурси, вредностите и убавините на нашата планета со посебен акцент на Европа и Карпатскиот басен преку прикажување на филмови на теми од овие области. Од 2015 година, фестивалот брои речиси 40.000 посетители секоја година.

Наградениот документарен филм

Документарниот филм „Другата страна на туризмот“ беше изработен во 2021 година во рамките на проектот на ИКС „Поврзи ги точките“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Сподели