Снимателот Иван Поповиќ ја доби наградата на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) за најдобар снимателски проект од јавен интерес за 2024 година, за видео-сторијата „Климатски миграции: Преспа во трка со времето да ја зачува водата“, објавена на платформата doma.edu.mk.
Наградата е значајна и поради тоа што ЗНМ за првпат од своето основање, од оваа година воспоставува доделување на вква престижна награда за најдобар снимателски проект од јавен интерес, како дел од заложбата за унапредување на новинарските и медиумските стандарди.
Наградената видео сторија е дел од серијалот „Жедна Македонија“ на ДОМА, составен од три видео стории, објавен во периодот чија цел кревање на јавната свест за влијанието на климатските промени и да се поттикнат решенија и брзи одлуки од чинителите. Автори се: Катерина Топалова Дејановска (новинарка), Иван Поповиќ и Љубомир Домазатов (сниматели) и Мајда Бошњак Атанасовска (монтажа).