Младите за природата
Што е тоа што ви пречи околу вас? Кој е виновен? Кој ќе го реши проблемот? Вперувањето прст стана водечка општествена дисциплина, решенија не нуди никој. Може ли креативноста на младите да ја промени нашата околина, може ли младите сами да бидат креатори на светот во кој сакаат да стареат? Формулата е едноставна, проблем + идеја + поддршка = решение. За две години, со проектот SHAPE изградивме зона во која младите ќе постават проблем и за него ќе најдат решение!