fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
gjubre nasekade akcija samo nekade featured

Ѓубре насекаде, акција само некаде

Викенд е. Луѓето опуштено размислуваат каде да ја запоседнат природата или да фатат навреме маса за кафе во некое од кафулињата на најпозната улица за пиење на кафе во Битола, Широк Сокак. И така да се отепаат неколку саати од викендот.

Но, за една група активисти средношколци од Државното средно медицинско училиште

„Д-р Јован Калаузи“ од Битола, предводени од нивната професорка, Марија-Магдалена Петковска Микаровска, секој викенд е причина да се извадат ракавици, лопати и гребла, да се купи метла плус и Битола и околината да ја ослободат од ѓубре.

Таа е професорка по англиски јазик, нејзините часови се празник за учениците. Го изучуваат јазикот, но низ примери учат и за животот. Нејзината цел е да учествува во формирањето на свеста и совеста кон заедницата и кон природата и опкружувањето на сите генерации кои ќе поминат низ нејзините клупи. А преку тие генерации и преку создавање на една широка јавна кампања што повеќе луѓе да се едуцираат и да се осврнат кон прирорадата, кон свеста за она што се случува околу нас, додека чекаме нешто да ни се случи.

gjubre nasekade akcija samo nekade 1Марија-Магдалена Петковска Микаровска – професорка и иницијатор на акцијата „Мети си со класнето”

 „Улогата на секој посветен наставник, освен едукативна, е и воспитна. Мојата повисока цел е на свој, уникатен начин да ги потсетам младите генерации дека треба да дадат свој придонес во зачувувањето на оваа планета поубава за следните генерации. Да оставиме делата да зборуваат за нас, а генерациите кои доаѓаат да следат единствено позитивни примери. А, нас да ни е провокација да сме поттик за вакви примери. Најголемата закана е да очекуваме дека ќе дојде некој суперхерој да ни ја спаси природата, градот, планетата“, вели Марија-Магдалена Петковска Микаровска.

Професорката која зад себе има многубројни акции за чистење на Битола сега заедно со Младинскиот културен центар од Битола направија уште еден чекор за почиста средина. Здружени под името „Зелен фото глас“ следниве месеци ќе бидат гласни во нивниот апел не само до институциите, туку и до сите граѓани заеднички да ги чистат бројните диви депонии низ градот. Учениците, освен што ќе ги посочуваат местата што треба да се исчистат, ќе бидат и вистински пионери на еко-активизмот. Нивните алатки ќе бидат новите медиуми. Додека другите, социјалните мрежи ги користеа за забава и убивање на време, овие млади активисти, преку нив ги повикуваа и организира чистење на депониите во и околу градот Битола.

gjubre nasekade akcija samo nekade 2Адам Стојановски, ученик

„Можеби првиот чекор на секоја промена е најтежок, но ние имавме храброст да го направиме тој чекор. Детектиравме, алармиравме и правиме акции за чистење со цел да ја кренеме еколошката свест во Битола и да го направиме овој град подобро место за живеење“, прв ја започнува приказната средношколецот Адам Стојановски.

gjubre nasekade akcija samo nekade 3Благица Јанева ученичка во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“,  Битола

 „Не биди причина за допопнително создавање јаглерод, на сите ни скратуваш кислород”, ќе напише Благица Јанева на нејзиниот Фејсбук профил.

gjubre nasekade akcija samo nekade 4Нина Стефановска ученичка во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“, Битола

Нина Стефановска ќе твитне „Биди човек, не фрлај ѓубре. За чиста животна средина, за подобро денес, за подобро утре.”

gjubre nasekade akcija samo nekade 5Моника Петреска ученичка во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“, Битола

Моника Петреска на секоја акција фотографира и ќе објави по некоја фотографија проследена со текст: „Можам да придонесам за себе, за тебе, можам да придонесам за сите оние кои се мое опкружување, кои ги сакам и почитувам. Сите ние заслужуваме да живееме во почист и поубав град, во почиста и поубава околина. Затоа да придонесеме ДЕНЕС, за нашето зелено УТРЕ!”

gjubre nasekade akcija samo nekade 6Миа Масалкоска ученичка во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“, Битола

 Миа Масалкоска става „стори“ на Инстаграм: „Преземи акција зошто природата те привлекува кога е чиста. Да не ја оставаме да изумре!”

Медицинското училиште во Битола е едно од најстарите училишта во државата. Тука се едуцирале бројни кадри чии имиња значат и дома и по светот кога станува збор за медицинските гранки. Не чуди фактот што покрај толку славна историја, оттука се раѓа иницијативата за средношколски активизам.

gjubre nasekade akcija samo nekade 7

Наташа Илиева – директорка на ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“, Битола

 

„Здравствената струка е нераскинливо поврзана со воспитната компонента од развојот на нашите ученици. Низ предавањата, по секој предмет се негува односот на учениците кон природата подеднакво како што се развива односот кон луѓето. Тоа се гледа и од нивното учество во многубројните акции кои ги организира училиштето во однос на екологија, хигиена, опкружување. И самото училиште како изгледа сега, е чист пример како може со здружена акција и донации да се направи пријатно место,” изјави Наташа Илиева, директорка на Медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“.

gjubre nasekade akcija samo nekade 8Панде Богоевски – Директорот на ЈП „Комуналец“, Битола

„За почиста и поубава Битола” е заложбата и на првите луѓе во Општината. Панде Богоевски, директорот на ЈП „Комуналец“, Битола ни договори средба надвор од канцелариите, на терен во малиот детски парк кој стана мини урбана оаза благодарение на соработката на јавните институции и граѓаните. Кога го отвориле еко-центарот, истовремено испратиле отворена покана до граѓанскиот сектор, неформалните групи на граѓани, училиштата и градинките дека се отворени за соработка и за реализација на барања, предлози и идеи. Како еден добар пример за одлична соработка со граѓаните е и ова мало детско паркче“ вели Богоевски. Јавното претпријатие неколкупати заеднички чистеле со „Мети си со класнето“ и не би било проблем и во иднина истото да се случи.

gjubre nasekade akcija samo nekade 9Анастасија Петковска ученичка во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“,  Битола

Мисијата „Мети си со класнето” веќе е инспирација и за други организации. Учениците се гласни во своите пораки, нивното поврзување преку социјалните мрежи восхитува. Постираат фотографии и текстови од нивните активности, инспирираат, а секој викенд слободното време го користат за чистење на нови локации. 

„Најмалку што можеме да направиме за планетата е да ја чуваме, затоа почни да рециклираш и да креираш.” – ќе напише Анастасија Петковска

gjubre nasekade akcija samo nekade 10Јана Петровска ученичка во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“, Битола

Пораката „Сите ние припаѓаме во животната средина за која треба да се грижиме и чуваме исто како и ѓубрето што припаѓа во корпата за отпадоци” на Јана Петровска и „Отпадокот те претставува тебе. Чувај ја околината, за истата да те чува тебе.” на Бојан Смилков, се само дел од низата пораки на овие млади луѓе со кои ги повикуваат граѓаните да се вклучат во вакви акции, но и на поголема граѓанска одговорност кон заштитата на животната средина.

gjubre nasekade akcija samo nekade 11 Бојан Смилков ученик во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“, Битола

Заминуваме од една од локациите кои беа вистинска депонија, над градот Битола, локација од каде што се пружа најубавата панорама на градот под Пелистер. Тука минува и регионалниот пат кон Охрид, кој е прилично фреквентен. Неверојатна депонија имаше тука. Денес има уште по некој отпадок. Но поинаку е. Од овде се отстранија тони отпад. Акциите вродуваат со плод. 

gjubre nasekade akcija samo nekade 12

Битола, познатата локација кај тунелот

 Се движиме кон центарот на Битола, во старото градско јадро во кое е сместен Младинскиот културен центар, каде на балконот не пречекува Мери Нашоку.

gjubre nasekade akcija samo nekade 13

Мери Нашоку од Младински културен центар, Битола

„Нема човек кој не си го сака својот град. И не постои изговор за изостанување на личен ангажман и грижа кон сопствениот град. Оваа заложба, ние, граѓанските организации, треба да ја промовираме почесто за да поттикнеме граѓанска одговорност и промена на навиките за поубав, почист, поуреден град. Притоа, секој треба да тргне од себе и да преземе акција, а потоа да се приклучи и на заедницата”, ни изјави Мери Нашоку.

Нашата намера е сите заедно – младите, граѓаните и граѓанските организации, училиштата, Општина Битола и надлежните јавни претпријатија, да започнеме една нова приказна на здружување на силите. Особено ни се важни средношколците со кои ќе работиме на еко активизмот, но ќе го поттикнеме и волонтерскиот дух кај граѓаните со цел ваквите акции да станат многу попорисутни во нашето секојдневие.

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинар: Љубица Ангелкова

Фотограф: Томислав Георгиев

Оваа содржина е изработена во рамки на проектот: „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“ што го реализира Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонско еколошко друштво, со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Сподели