fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
ke znaeme dali se kapeme vo cisto ezero featured

Ќе знаеме дали се капеме во чисто езеро

„На училиште учиме за екологија, за загадување на почва, на вода… Ама тоа го учиме на вообичаениот начин – преку теоретско предавање на професорот. Но, вака, од терен, сосема е друго учењето!“, вели Александра Трајче, средношколка во училиштето „Цар Самоил“ од Ресен откога ја посети Мониторинг станицата за Преспанското езеро. Таа е една од 15-тината средношколци кои заедно со нивната професорка Елена Дамовска Маркоска и со истражувачите од Мониторинг станицата во Стење ќе го проверуваат квалитетот на водата во езерото во кое се капат откога се родени.

ke znaeme dali se kapeme vo cisto ezero 2„Се капеме во езерото цел живот. Но сега поретко, бидејќи велат дека е водата загадена. Сега од прва рака ќе знаеме дали е така“, Наталија Војданоска ученичка во гимназијата „Цар Самоил“ Ресен

Учениците, сите од ресенско, прв пат на ваков несекојдневен начин дознаа што се работи во оваа мала зграда сместена на крајбрежјето во тивкото село Стење. Сфатија дека оттука излегуваат многу важни податоци: дали и зошто опаѓа нивото на водата во езерото, што значи ако се случи пораст на алгите, дали рибата која ја јадат живеела во чиста или загадена вода.

ke znaeme dali se kapeme vo cisto ezero 3Сите ученици се од Ресен и околината и прв пат се запознаваат што се истражува во Мониторинг станицата на Преспанското Езеро во с. Стење

На следната посета во Стење, примероци од водата и живиот свет во езерото ќе земаат заедно со истражувачите од Мониторинг станицата. Заедничките истражувања произлегоа од иницијативата на „Еко Герила“ од Ресен. Оваа локална организација е една од шесте добитнички на мали ЕУ грантови што ги доделуваат Институтот за комуникациски студии и Македонското еколошко друштво. Велат дека оваа иницијатива е мала, но исклучително значајна.

ke znaeme dali se kapeme vo cisto ezero 4Марија Ефтимоска (лево) и Мила Пецалевска (десно) од „Еко Герила“ Ресен преку иницијативата прв пат спојуваат ученици, екоактивисти и професионални истражувачи со една цел: заштита на животната средина

„’Еко Герила’ има свој подмладок и дел од овие ученици се членови во нашето еколошко друштво. Овие деца ќе научат како во реалноста изгледа еден научно-истражувачки процес оти ќе го прават заедно со биолозите и хемичарите во Станицата. Исто, планираме и партерно уредување на просторот околу зградата, но со користење на биоотпадот кој ќе заврши како импровизирана компостара. Сето ова е многу значајно за нас од овој регион, оти во средното училиште има земјоделски смер. Сакаме ова искуство да се примени како дополнување на наставната програма по биологија и педологија што се изучува во училиште, вели Марија Ефтимовска од „Еко Герила“.

ke znaeme dali se kapeme vo cisto ezero 5„Наученото повеќе се памти ако си директно вклучен во истражувањето“, Александра Трајче, ученичка во гимназијата „Цар Самоил“ Ресен

ke znaeme dali se kapeme vo cisto ezero 6Средношколците заедно со вработените во Мониторинг станицата во Стење заедно ќе го истражуваат квалитетот на водата во Преспанското Езеро

„Еко Герила“ прв пат на ваков начин спојува средношколци, екоактивисти и јавни институции кои се занимаваат со унапредувањето на здрава животната средина. И домаќините ја поздравуваат оваа иницијатива: „И за нас е многу значајно младите да се запознаат со нашата работа. Се надеваме дека откога ќе видат што навистина работиме, ќе успееме да поттикнеме некој да се запише да студира биологија, хемија, па може ќе ни стане и колега. На крајот, езерото ним им останува“, вели Ружица Перевска од Мониторинг станицата во Стење.

ke znaeme dali se kapeme vo cisto ezero 7Хемичарот Ружица Перевска им ја презентираше работата на Мониторинг станицата на Преспанското Езеро на младите гости

Во следните месеци учениците заедно со „Еко Герила“ ќе работат на планирање и спроведување на кампањи за чиста и здрава животна средина. ИКС и МЕД во јануари и февруари ги обучуваа како поуспешно да ја искомуницираат нивната иницијатива во јавноста, со цел младите да научат колку е важно да се унапредува основното човеково право за здрава животна средина.

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Фотограф: Томислав Георгиев

Оваа содржина е изработена во рамки на проектот: „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“ што го реализира Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонско еколошко друштво, со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Сподели