fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
makedonskite gragjani se malku zapoznaeni so prirodnite vrednosti featured

Македонските граѓани се малку запознаени со природните вредности

Македонските граѓани не се доволни информирани за видовите заштитени подрачја (национални паркови, споменици на природата, природни резервати, повеќенаменско подрачје) иако станува збор за природно наследство коешто претставува значајна алатка за заштита и управување со геодиверзитетот, биолошката разновидност и пределите. Најдобар показател за тоа е што помалку од половина од граѓаните (44%) знаат дека во Македонија има три национални паркови.

44% знаат дека во Македонија има три национални паркови.

Ова го покажаа резултатите од истражувањето на јавното мислење за заштитените подрачја на територијата на Македонија коешто периодот февруари-март го спроведе тимот на „Дома“, со цел да се добијат релевантни податоци за информираноста и ставот на граѓаните кон овие подрачја.  По пат на телефонско јавување беа анкетирани вкупно 1.007 испитаници на возраст од 18-85 години, од урбаните и руралните предели на земјава, распределени соодветно по региони и возраст.

Сакаат природа, но не знаат што е заштитено подрачје

Според наодите од истражувањето, поголемиот дел од испитаниците (61%) дел од слободното време го поминуваат во природа барем еднаш неделно. Поголемиот процент од испитаниците се на возраст од 40 до 69 години и се од Југозападниот, Југоисточниот и Полошкиот регион. Скоро половина од испитаниците (47%) имаат хоби кое бара престој во природа.

61% дел од слободното време го поминуваат во природа барем еднаш неделно.

На прашањето „Кои подрачја според вас спаѓаат во заштитени подрачја со закон?“, 57% од испитаниците ги наведуваат националните паркови како заштитени подрачја. Потоа следат природните резервати (14%), спомениците на природата (12%) и повеќенаменското подрачје Јасен (5%). Една третина од испитаниците не се изјасниле на ова прашање, а во најголем процент тоа се испитаниците кои живеат во рурални области кои не дале одговор (не знаат) кои подрачја се заштитени подрачја со закон.

Кои подрачја според вас спаѓаат во заштитени? 57% сметаат дека се националните паркови, потоа со 14% сметаат природните резервати, 12% ги сметаат спомениците на природата, 5% повеќенаменското подрачје Јасен

Во однос на информираноста за состојбата со заштитените подрачја, резултатите покажуваат дека повеќе од половина од испитаниците (55%) се неинформирани (воопшто неинформирани и малку информирани). Повисокиот степен на неинформираност е повеќе изразен кај испитаниците од руралните региони и испитаниците на возраст 30-39 години од Источниот и Југоисточниот регион.

55% од испитацините се неинформирани.

Потребно е зголемување на бројот на заштитени подрачја

Голем процент од испитаниците (80%) сметаат дека не се вложува доволно во заштитените подрачја. Мнозинството на испитаници (80%) смета дека е исклучително важно да се зачува биолошката разновидност.

80% сметаат дека не се вложува доволно во заштитените подрачја, исто толку сметаат дека е исклучиво важно да се зачува биолошката разновидност.

Генерално, испитаниците се поделени за прашањето: „Кој би требало да управува со заштитените подрачја?“. Околу една третина од испитаниците (32%) сметаат дека централната власт треба да управува со заштитените подрачја, додека пак, 29% од испитаниците сметаат дека локалната власт треба да управува со овие подрачја. Околу една четвртина (23%) сметаат дека треба да има јавно-приватно партнерство по ова прашање.

На прашањето кој треба да управува со заштитените подрачја, 32% сметаат дека тоа треба да биде централната власт, 29% сметаат дека треба да биде локалната власт, а 23% сметаат дека треба да биде по пат на јавно-приватно партнерство.

Според мислењето на три четвртини од испитаниците (74%) во Македонија  нема доволно заштитени подрачја. Одговорите на прашањето за тоа дали има одредено подрачје кое треба да биде заштитено, а не е, покажуваат дека повеќе од половината од испитаниците (55%) сметаат дека има такво подрачје. Околу една петина од испитаниците кои сметаат дека одредени подрачја треба да се заштитени, споменуваат одредени градови, додека пак веднаш по нив е Шар Планина со 16%.

Рисот најпрепознатлив како национален симбол

Само 39% од испитаниците кои живеат во близина на заштитено подрачје сметаат дека мнозинството на посетители на заштитени подрачја се придружува до пропишаните правила за однесување.

Само 39% од жителите кои живеат во близина на заштитени подрачја сметаат дека мнозинството посетители се придржуваат до пропишаните правила за однесување.

Најголем дел од испитаниците сметаат дека рисот е национален симбол на природата на нашата држава. Освен рисот во значен процент спомената е моликата, како и Охрид со Охридското Езеро.

Мнозинството на испитаници (дури 95%) смета дека би требало заштитените подрачја да се дел од туристичката понуда на Македонија. Ова е најмногу изразено кај испитаниците на возраст над 70 години.

95% од испитаниците сметаат дека заштитените подрачја треба да се дел од туристичката понуда на Македонија.

Сподели