Одржана првата координативна средба на еко платформатa #ДОМА
Претставници на јавни институции, граѓански организации и инцијативи учествуваа на работната средба која Институтот за комуникациски студии ја организираше на 24 декември со цел да го утврди начинот на кој меѓусебно би соработувале и заеднички би делувале во мапирање и решавање на проблемите со животната средина.
Исто така, беше преставен подсајтот #Дома и можностите кои ги нуди. Како резултат од состанокот беше изготвена листа на приоритетни еколошки проблеми со кои се соочуваат граѓаните и во чие решавање е потребно да се вклучат сите. Ова средба преставува една од низата активности кои Институтот ги организира во рамки на еколошката платформа #ДОМА.