fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
ugore visoko udolu polno so gradezen otpad featured

Угоре високо, удолу полно со градежен отпад

Цевки, платна за изолација, арматури и градежен шут се само дел од неразградливиот отпад кој се наоѓа во коритото на Челевечка река во Демиркаписката клисура како трага од изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица.

Ана Неделкова е ученичка од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино, која при посетата на клисурата станала свесна колку природата во нејзината непосредна околина е загадена. „Клисурата е белег на нашиот регион, а состојбата во која се наоѓа е загрижувачка. Затоа треба да се преземат мерки за нејзина заштита“ – вели Ана.

ugore visoko udolu polno so gradezen otpad 1 ana nedelkova
Ана Неделкова ученичка од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино

Таа и уште 20-тина средношколци од неготинското училиштеСв. Кирил и Методиј“ заедно со членовите на Спортскиот клуб „Клисура“ од Демир Капија во рамки на проектот „Размислуваме зелено, делуваме одговорно“ ќе застапуваат решавање на проблемот со отпадот во Демиркаписката клисура, која е позната не само по својата убавина туку и по повеќе од 100 уникатни алпинистички патеки за искачување.

Професорот Александар Гичовски од истото училиште вели „Јас сум планинар, и како спортски активист ја прифатив иницијативата на Клисура за да им овозможам на учениците да научат нови работи, а во овој случај тоа е алпинизмот и екологијата. Не сите исто се грижиме за природата, и не сите исто се вложуваме за природата затоа се мобилизиравме заедно, за да ја подигнеме свеста за овие убавини“.

ugore visoko udolu polno so gradezen otpad 2 aleksandar gicovski

Александар Гичовски, професор од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино со своите ученици во обиколка на Демиркаписката клисура

„Оваа локација е ставена на светска мапа на качувачки центри, и тука доаѓаат алпинисти од странство Шпанија, Франција … И не можеш да промовираш качувачки центар кој што е загаден. Во опасност се наоѓа целата вегетација и животинскиот свет, а рибата бојник кој е карактеристичен за Челевечка река е сериозно загрозен“ – вели Анела Ставревска Панајотова – љубител на спортското качување.

ugore visoko udolu polno so gradezen otpad 3 anela stavrevska panajotova
Не можеш да промовираш качувачки центар кој што е загаден – вели Анела Ставревска Панајотова, љубител на спортското качување

На еко кампот кој се одржа во Демиркаписката клисура учениците имаа можност да ја искусат клисурата преку спортското качување по високите карпи и на тој начин да се запознаат со убавините и раскошот кој таа го има, но и состојбата во која се наоѓа. Во подножјето одржаа и обуки за лобирање и застапување со цел средношколците да се стекнат со алатки и вештини како да постапуваат и да ги решаваат ваквите проблеми во животната средина.ugore visoko udolu polno so gradezen otpad 4 podgotovka na oprema

Учениците имаа можност да ја искусат клисурата преку спортското качување по високите карпи

„Убавините на клисурата досега беа достапни само за луѓето од качувачката заедница. Со оваа активност сакавме и учениците да го доживеат ова скриено природно богатство и колку е значајно тоа да остане неоштетено и да биде здрава средина за сите. Затоа им го приближуваме проблемот и се надевам дека заедно ќе најдеме, решение“ – Стефанија Соколовиќ проектен координатор на „Клисура“.

ugore visoko udolu polno so gradezen otpad 5 stefanija kiro

Убавините на клисурата досега беа достапни само за луѓето од качувачката заедница велат Стефанија Соколовиќ проект координатор и Ќиро Ѓорѓиев, претседател на Здружението Спортски клуб „Клисура” од Демир Капија

Сега им претстои кампања, со видеа и фотографии на социјални мрежи, за подигање на свеста за состојбата на терен и потпишување на петиција за заштита на ова парче до скоро, недопрена природа.

ugore visoko udolu polno so gradezen otpad 6 otpad od reka

Вадат изолациски матерјали од Человечка река користени при изградбата на тунелите на автопатот Демиркапија – Смоквица

„Оваа кампања ќе ни биде од полза бидејќи локацијата се наоѓа на светската мапа на качувачки центри. Како општина сакаме да добиеме поддршка и од централната власт и заеднички да го расчистиме овој тежок градежен отпад. На тој начин клисурата ќе остане вистински украс на регионот“, вели Лазар Петров, градоначалник на Демир Капија.

ugore visoko udolu polno so gradezen otpad 7 lazar petrov

Локалната самоуправа дава комплетна поддршка во расчистување на коритото на Человечка река – вели градоначалникот Лазар Петров, градоначалник на Демир Капија.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинар: Ана Зафирова
Фотограф: Сашо Доковски


Оваа содржина е изработена во рамки на проектот: „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“ што го реализира Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонско еколошко друштво, со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Сподели