fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
zdruzena reakcija na eko organizacii vlastite da gi zastitat strumickite aktivisti od zaplasuvanje i napadi intro

Здружена реакција на еко-организации: Властите да ги заштитат струмичките aктивисти од заплашување и напади

Триесетина еколошки организации застанаа во одбрана на активистите од Струмица кои деновиве добиваат опомена пред тужба за искажан став на социјалните мрежи против компанијата „Еуромакс Рисорсис“ концесионер на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“.

Според нив, станува збор за вознемирување и заплашување на активисти од страна на инвеститорот.

„Ова не е прв пат да се врши заплашување и напад врз еколошки активисти во земјава и бараме властите да превземат мерки за да ги заштитат своите граѓани“, стои во здружената реакција.

Посочуваат дека ваквиот третман врз претставниците на еколошкото граѓанско општество е спротивен на одредбите на еколошката демократија и спротивен на Архуската Конвенција.

„Сметаме дека изградба на рудник или било каков индустриски објект во срцето на најплодната првокласна почва во земјата во време кога цел свет се соочува со екстремни временски услови и недостаток на храна едноставно е непромислено и не смее да се дозволи. Сите рудници со сигурност имаат влијание врз животната средина и луѓето кои таму живеат, меѓутоа големината на најавените проекти подразбира и огромно и трајно влијание и загадување на почвите, водите и воздухот на локацијата каде ќе се гради.

Во последните три години мал број жители од регионите каде се планирани рудниците се борат да ја спасат најплодната почва во нашата земја за сите нас и повеќе пати недвосмислено го изнесоа својот став ПРОТИВ рудниците. Тие самите се борат и да си ги заштитат нивните домови и безбедноста на своите семејства- нешто кое им е загарантирано со Уставот на сите граѓани на оваа република.

Согласно член 3 став 8 од Архуската Конвенција, Владата и Народниот правобранител имаат обврска да ги заштитат активистите кои ги практикуваат нивните еколошко-демократски права од ваквиот третман. Ја повикуваме Владата и Народниот правобранител конечно да почнат со почитување на меѓународните конвенции кои ги ратификувале со закон и, во најбрз можен рок, да ги заштитат еколошко – демократските правата на граѓаните.

Бараме од нашите власти да ги запрат постапките за издавање одобренија за отпочнување со експлоатација и изградба на инфраструктура на локациите каде е издадена концесија за експлорација и експлоатација и да се направи кумулативна оценка за влијанието врз животната средина на сите издадени концесии за рудници со цел да добиеме реална слика за влијанието кое овие рудници ќе го имаат врз нашата земја.

Сметаме дека во време кога земјата допрва треба да го отвара Поглавјето 27 за животна средина и клима ќе биде погубно во преговорите за влез во ЕУ доколку стигнат лавина реакции за загадување на животната средина со отварање на рудници. Дополнително погубно е земјата да дозволува заплашување на своите граѓани кога најголемите забелешки на ЕУ кон земјата се во недостатокот на владеење на правото и кршење на човековите права“, нагласуваат организациите.

Во реакцијата се вклучија следните еколошки организации:

Центар за исражување и информирање за животна средина Еко-свест, Скопје

Еко Гаиа, Битола

Милиеуконтакт, Скопје

Еко Герила, Македонија

Еко Правда, Валандово

ЦНВП, Македонија

О2 Иницијатива, Скопје

Македонски Зелен Центар, Скопје

Целор, Радовиш

ЕД Роса

Еко-живот, Кавадарци

ЕД Еко-Рурал Пелистер с. Дихово Битола

Импакт нет

ПОЛИМАТ 13, Богданци

Young Friends of the Earth Macedonia

Здружение за заштита на животните и животната средина ЕДЕН

Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ

ФРОНТ 21/42

Слоу Фуд Македонија

Новинари за човекови права

Eko Логик

Балкан вош нетворк

Здрава Котлина

Еко Долина

Спас  за нас

Гоу Грин

Центар за климатски промени

Движење за околината Молика

Сподели