fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
bedzeti platformite na matka nema da gi legalizirame no zasega nema ni da gi urneme

Беџети: Платформите на Матка нема да ги легализираме, но засега нема ни да ги урнеме

„Ќе одговориме на барањата за легализација на дивоизградените платформи на кањонот Матка со одбивање, но таа постапка мора да ја завршиме законски. Ова е одговорот на градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, за тоа дали и кога ќе ги урне спорните платформи за кои и самиот тој неколкупати истакна дека се дивоградби.

“Нашиот инспектор констатирал дека имало процес на менување на штици на две платформи. Без разлика што лично сметам дека не ги исполнуваат условите за легализација, засегнатите лица имаат елаборат и побарале легализација и ние ќе одговориме. Во оваа држава има и двостепеност. Не може да се линчуваат процедурите и постапките”, вели Беџети.

Толкувајќи ја процедурата за легализација, тој вели дека ако барањето е одбиено, подносителите имаат право да се жалат на второстепената комисија во рамки на Министерството за транспорт и врски и да иницираат административен спор. Општината не може да си дозволи да биде тужена ако урива пред да има правна завршница, појаснува Беџети и вели дека нема да диктира рокови кога службите во општина Сарај да одговорат на барањата за легализација на платформите.

Тој не одговори дали градбите се од март 2011 година и дали влегуваат во категоризацијата што е утврдена во Законот за постапување со бесправно изградени објекти, бидејќи во овој закон не постои терминологија за легализација на урбана опрема, како што во овој случај е платформата. Во рамки на проект на општината за поставување на урбана опрема во Сарај, вклучително и на Матка, се подготвува план во кој, како што вели Беџети, не би прејудицирал дали и овие плаформи ќе влезат.

Според него, постојат и други интереси за ова заштитено подрачје кои испливале на површина овој период додека се актуелни платформите, а се цел на превласт за Матка. Чии се тие интереси, не сакаше да открие. Обидите за одземање на ингеренциите на општината датираат одамна вели градоначалникот и реагира дека не бил консултиран за идејата за формирање на јавно претпријатие за управување со Матка. Тоа без моја без согласност нема да помине.

“Јас ги повикувам сите институции и градоначалникот Шилегов да не помислуваат на такво нешто. Во оваа држава си има закони и сите сме должни да ги почитуваме. Немојте ве молам во екот на сезоната и во екот на постапките за легализација да му наштетиме на туризмот и на ова подрачје“, додава Беџети.

Службите излегуваат на терен и ми кажуваат дека таму нема градежни активности, тврди Беџети, иако платформата еволуираше од метална конструкција, во штици поставени на металните профили, куќарка која наликива на шанк па дури беше украсена и со цвеќе.

Инаку вчера Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за непостапувањето за нелегалните платформи на Матка.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Марија Севриева

Види повеќе за истата тема:

На „мала врата“ сакаат да протнат легализација на дивите платформи на Матка

Матка ја откри неспособноста на институциите

Општина Сарај го игнорира Шилегов и не ја руши дивоградбата на Матка

Сподели