fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
pauzata od letni muzicki festivali dobredojdena za ekosistemite intro

Паузата од летни музички фестивали добредојдена за екосистемите

Пандемијата од корона вирусот е едно најголемите искушенија на човештвото и предизвика големи промени во нашето секојдневие. Една од нив е одложувањето на музичките фестивали во летните месеци, период кога тие вообичаено се одржуваат на отворено. Колку и да е разочарувачки за публиката, годинешната пауза од овие настани е добредојдена бидејќи тие имаат негативно влијание врз екосистемите, но за него малку се говори и пишува.

Имено, бучавата и светлосните ефекти ретко се споменуваат како извор на загадување на природата, а за отпадот се’ уште тешко се наоѓаат решенија. Затоа, годината во која повеќето фестивали се одложени е вистинско време да се согледа нивното влијание врз нашата животна средина.

Pauzata od letni muzicki festivali dobredojdena za ekosistemite 1

Бучава за 200.000 посетители на „Егзит“

Секоја година, еден од најголемите светски фестивали ја собира публиката пред дури 40 сцени, од кои се свири музика до утринските часови. Бучавата, како извор на загадување на животната средина, е несакан пропратен ефект на фестивалот, којшто е првенствено штетен за луѓето. Имено, бучавата од 55-65 децибели кај луѓето може да предизвика нервоза и вртоглавица. Тоа е бучавата што ја создава автомобил во движење. Бучава од 90 децибели, што доведува до постепено оштетување на слухот е еднаква на онаа од кафулињата и клубовите. На крајот е бучавата од 120 до 140 децибели – тоа е  бучавата од музичките фестивали, којашто може да доведе до сериозни последици. По изложувањето на бучава посилна од 100 децибели, ушите кај луѓето заздравуваат најмалку 16 часа.

Pauzata od letni muzicki festivali dobredojdena za ekosistemite i140 СЦЕНИ – КОЛКУ Е ТОА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА?

Тешко е да се добијат точни податоци за количината енергија што се користи за напојување на музички фестивал, пред се поради варијациите во употребените поставки и опремата што се употребува. Сепак, она што е познато е дека генераторите трансформираат само околу 35% од горивото што се користи во електрична енергија, и тоа кога работат со полн капацитет. Исто така, познато е дека ефикасноста на генераторите постепено се намалува, што доведува до уште помала енергетска ефикасност. Со оглед на тоа што секоја сцена на фестивалот се напојува од најмалку два генератори коишто работат во тандем, лесно е да се заклучи дека огромна количина гориво завршува како штетен гас во атмосферата во текот на четирите фестивалски дена.

Ваквата енергетска неефикасност, како и загадувањето на воздухот, организаторите на фестивалот можат да ја решат насочувајќи се кон обновливи извори на енергија. Ваквата одлука би значела значителна заштита и подобрување на животната средина, но и добар маркетинг на фестивалот.

Освен луѓето и животните страдаат од високото ниво на бучава. Имено, научници од Универзитетот Квинс во Белфаст откриле дека бучавата влијае на многу видови водоземци, членконоги, птици, риби, цицачи, мекотели и влекачи.

Бучавата им попречува на ултразвучните системи на лилјаците, кои ги населуваат подземните тунели на Петроварадинската тврдина, што им отежнува да трагаат по плен. Бучавата влијае и на пленот, кој потоа страда полесно затоа што не го слуша предаторот на време, па нема можност да избега.

Со години наназад се забележува негативното влијание на бучавата од „Егзит“ фестивалот врз лабораториските стаорци на Природно-математичкиот факултет во Нови Сад, кој се наоѓа во близина на тврдината. Станува збор за стрес што го чувствуваат женките стаорци којшто го изразуваат јадејќи други единки, претежно нивните млади.

Бучавата исто така ги вознемирува птиците што се гнездат на територијата на тврдината, па затоа ги напуштаат гнездата, оставајќи ги своите јајца и млади. Исто така, птиците, за време на фестивалот погласно се огласуваат за да комуницираат со други единки, што доведува до поголема потрошувачка на енергија, којашто тешко ја надоместуваат.

Pauzata od letni muzicki festivali dobredojdena za ekosistemite 1

Рај на плажата, пекол во морето

Фестивалот „Сонус“ се одржува на хрватскиот остров Паг, а „Sea Dance“ (Морскиот танц) на песочна и камчеста плажа во Црна Гора. За само неколку дена од фестивалот, на овие плажи доаѓаат повеќе од 100.000 посетители. Бидејќи звукот патува низ вода 5 пати побрзо отколку низ воздухот, би требало да се запрашаме какви последици предизвикува тоа врз морскиот свет.

На морските животни сетилото за слух главно им служи за ориентација во просторот, за лов, како и за комуникација со други организми. Научниците утврдиле дека дури и краткорочното изложување на антропогени звуци предизвикува дезориентираност на рибите, насочувајќи го нивното движење кон неприродни извори на звук. Рибите така доаѓаат во средина со недостиг од залихи на храна, без скривалишта и незаштитени од предатори. Кај многу видови, во текот на истражувањето се забележани и промени во однесувањето.  Од динамиката на активност, сè до промена на живеалиштата, т.е.задржување на поголема длабочина во морето. Промените како резултат на антропогени звуци се забележани и кај раковите: оштетување на внатрешните органи, деформација на репродуктивните органи, одложен ембрионален развој и внатрешни крвавења.

Pauzata od letni muzicki festivali dobredojdena za ekosistemite i1ДАЛИ Е СЕ ТАКА ЦРНО?

Постои важна позитивна страна на морските летни фестивали. Имено, најголем дел од загадувањето предизвикано од музичките фестивали потекнува од патувањата на посетителите и изведувачите, односно од емисиите на штетните гасови што ги испуштаат возилата на патот до и од локациите каде се одржуваат фестивалите.

Едно истражување покажа дека дури 46% од посетителите одењето на фестивал во странство го користат и како можност за летување и одмор. Ова значи дека овие посетители патуваат само еднаш во странство за да спроведат две активности, што потоа двојно ги намалува нивните годишни емисии на штетни гасови во атмосферата.

Pauzata od letni muzicki festivali dobredojdena za ekosistemite 1

Бучавата од фестивалот, нарушувајќи ги природните звуци на животната средина, им отежнува на организмите што живеат во неа да комуницираат со други единки, понатаму да ја обележат територијата и да пронајдат живеалишта и партнери. Имајќи предвид дека музичките фестивали станаа глобален феномен, време е паралелно со заштитата на животната средина, бучавата од фестивалите да прерасне во глобално еколошко прашање.

Борба на светлината и темнината

Покрај музиката, главна одлика на летните фестивали се светлата и ласерите. Вообичаено се заборава дека вештачката светлина, покрај тоа што е извор на забава претставува и извор на загадување на животната средина.

„Ин мјузик“ и „Д фестивал“ се фестивали коишто се одржуваат во близина на езерото Јарун во Хрватска и Дојранското езеро во Македонија и може да имаат негативно влијание врз двете езера .

Со намалувањето на нивото на Дојранското Езеро и нарушувањето на квалитетот на водата, намален е и биодиверзитетот на езерото, а воедно е осиромашен и фондот на риби. Намалување има и на бројот на видови птици коишто живеат во околината на езерото. Ваквата загрозена рамнотежа на екосистемите, фестивалот би можел дополнително да ја наруши со неговите негативни ефекти.

Имено, светлината од рефлекторите и ласерите на ноќните концерти го нарушува биоритамот на организмите кои се активни ноќе, бидејќи светлината за осветлување на фестивалот за нив ноќта ја претвора во ден. Областа околу езерото е живеалиште на жаби, чиешто ноќно крекање е составен дел од процесот на парење. Вознемирени од светлината, мажјаците не ги повикуваат женките, што може да влијае на репродукцијата.

Птиците кои мигрираат или ловат ноќе се ориентираат кон Месечината. Светлината од ласерите и рефлекторите може да им го одвлече вниманието. Точниот временски распоред на годишните времиња е важен за миграционите видови. Светлината од фестивалот може да предизвика нивна предвремена или задоцнета миграција, како и напуштање на идеалните климатски услови за гнездење.

Отпадот посебна приказна

Како најголем фестивал во регионот, „Егзит“ е неисцрпна еколошка тема. Покрај тоа што останува зад публиката во најголема мера, смет останува и зад продавачите на храна и сопствениците на барови, кои сервираат пијалоци и храна во пластични или картонски садови.

Работниците на јавното комунално претпријатие заедно со волонтери собраа 50 тони смет за време на четирите фестивалски денови во 2019 година. За подобро да ви ја доловам сликата за колкаво количество на отпад станува збор, треба да знаете дека синиот кит како единка, најголемото животно во светот, тежи токму 50 тони.

Добрата вест е дека најголемиот дел од отпадот, кој се состоеше претежно од конзерви, картон и ПЕТ амбалажа, беше рециклиран. Друга добра вест е дека во 2019 година првпат беа поставени посебни контејнери за пластични чаши на фестифалот „Егзит“,како мотивација за заштита на животната средина, и за време на сите фестивалски денови тие беа преполни со пластични чаши.

Позитивно е што овој фестивал, во соработка со Светската програма за храна на Обединетите нации, го организира проектот „Life Stream“ (Лајф стрим), четиридневен онлајн фестивал во рамките на кој познати светски музичари ќе настапат на Петроварадинската тврдина во времетраење од три септемвриски денови. Двата главни мотиви за започнување на проектот се искоренување на гладот ​​и борбата против климатските промени, кои стануваат алармантни за време на пандемијата на  корона вирусот. За време на настапот на музичарите, планирано е да се емитува видео материјал со пораки за светската глад и заштита на животната средина.

Кога еден од најголемите музички фестивали во светот и најголемата хуманитарна организација во светот ќе се здружат со цел да се рашири пораката за важноста на овие две прашања, време е да започнеме да ги разгледуваме музичките фестивали како можност за еколошки промени.

Pauzata od letni muzicki festivali dobredojdena za ekosistemite 1

Пат кон позитивни промени

Активисти на невладината организација „Еко центар Будва“ во соработка со фондацијата „РЕКАМ“ од Белград собраа лименки за време на минатогодишниот фестивал, а покрај тоа, им овозможија на посетителите на фестивалот да ставаат лименки во посебни корпи, ширејќи ја пораката за важноста на рециклирањето. Активностите на фестивалот се дел од кампањата „Секоја лименка се смета“ чијашто цел е да се подигне свеста за правилно управување со отпадот: конечното отстранување и депонирање на отпадот, на што треба да претходи превенција и редукција на отпадот, повторна употреба на отпадот, рециклирање и употреба на вредноста на отпадот. Сето тоа во согласност со принципот на хиерархијата за управување со отпадот. Лименките за пиење можат да се рециклираат 100%, и тоа неограничен број пати, така што тие никогаш не би требало да се депонираат.

Кога станува збор за пластика, студиите откриле дека само мал дел од пластиката, која завршува како отпад, се рециклира. Имено, на глобално ниво околу 10% од пластичните шишиња се рециклираат, додека преостанатите 90% завршуваат на депонии, или загадуваат реки и океани.

По четири дена од фестивалот, кој го посетуваат 100.000 посетители, речиси е невозможно да се достигне конечниот број на пластични шишиња и чаши, од кои некои завршија во морето, со оглед на тоа што главната сцена на овој фестивал се наоѓа токму на крајбрежјето.

Pauzata od letni muzicki festivali dobredojdena za ekosistemite i1АКО НЕ МОЖЕШ ДА ЈА ПОБЕДИШ

Потенцијално решение за проблемот со користење пластика на музичките фестивали е да се користи чаша од трајна пластика. Згора на тоа, организаторите на „Арсенал фест“, што се одржува во Крагуевац, Србија, токму  на тоа се досетија. Имено, посетителите на фестивалот можеа да ги преземат чашите со кауција од неколку пунктови, а потоа да ги вратат на крајот од фестивалот истовремено со поврат на парите, или да ги задржат како сувенир.

Иновативните решенија во борбата против негативните ефекти на фестивалот се многубројни и лесно остварливи, но само откако ќе се постигне свесност за нивната важност. Со оглед на тоа што посетителите на фестивалот се претежно млади луѓе, ширењето знаење за управувањето со отпадот и воопшто за заштитата на животната средина е важно прашање за заедничката светла иднина.

Земајќи предвид дека повеќето од овогодинешните фестивали се одложени поради пандемијата на корона вирусот, најдобриот начин да се подготват посетителите, како и организаторите и изведувачите за следната фестивалска година е да се работи на едукација и еколошкото освестување.

Автор: Јелена Јеремиќ – еколошки правник

Сподели