Прва победа на активистите за спас на Струмичката котлина
Несекојдневна слика од сплотени стотина лица од различни генерации затече камерата на #Дома која деновиве беше под падините на планината Огражден за да се увери како се одвива граѓанската борба против отворањето на рудниците за злато и бакар Иловица-Штука. Од рани зори па до самрак, во најголемата јулска жега овие луѓе со жив штит го чуваа патот до локацијата предвидена за отворање на рударските окна. Нивната истрајност и заедништво вроди со плод – Владата не ѝ дозволи на компанијата „Еуромакс“ да експлоатира руда на локацијата.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинар: Владимир Тевчев
Снимател: Иван Камчев
Види повеќе на оваа тема:
Кои се бизнисмените што го градат Скопје и му се радуваат на Уставниот суд?