Влијанието на сезонското палење на полињата врз животната средина
Во доцно есенските денови над полињата и нивите низ Македонија се забележуваат завеси од чад кој ја замаглуваат атмосферата. Ова е дел од традиционалното сезонско палење на нивите и нивно припремање за сеидба и за новата сезона. Со овој процес, земјоделците ја захрануваат почвата и ги чистат полињата од штетници.
Праксата за палење на полињата по жетвата е една од најстарите процеси за регулирање на почвениот состав и археолошките анализи упатуваат на ова го практикувале дури и домородните племиња во Северна Америка. Палењето на земјоделски површини денес може да се сретне насекаде низ светот и секаде поради истата причина. Низ светот е најпозната јапонската традиција на yakihata односно ѓубрење на нивите преку умерено палење на околната вегетација.
Според Encyclopedia of Southern Fire Science, сезонското палење на полињата е земјоделска метода позната како планирано палење. Ова палење има за задача да изврши сува стерилизација на почвата со цел уништување на коров и паразити како и ослободување на минералните состојки во не обработената вегетација.
Преку палењето на стрништата се уништуваат паразитските растенија, инсектите и сите нивни форми, глодари, полжави и други почвени жители со што се штитат насадите од паразити. Со горењето на обработената вегетација, минералните состојки во неа повторно се враќаат во почвата со што се подобрува нејзиниот квалитет. Според традиционалните земјоделски стандарди иако пожарот делува опасно сепак е најдобар начин за побогата вегетација.
Но, иако планирани – сепак пожарите може да предизвикаат и предизвикуваат големи штети на природата и на живиот свет. Со се поголемата побарувачка за храна, се зголемува и потребата за земјоделско земјиште, а со тоа и потенцијално палење на површините.
Во истражувањето објавено во Fire Science Review се наведува дека пожарите предизвикуваат загадување на атмосферата со стакленички гасови како и загадување на водата и подземните води преку почвените плакнења. Иако можеби праксата за палење на нивите до сега давала резултати сепак поради огромни загадување на почвата, водата и воздухот од индустријата тоа веќе не може да си го дозволиме. Освен ова со палењето се уништуваат и огромен број на инсекти потребни за расејување и опрашување на други некултивирани растенија.
Во Македонија секоја година се палат нивите и полињата. Освен што се загадува воздухот, кај нас се јавува често и проширување на пожарот и појава на општи или шумски пожари. Државните институции често апелираат за ова, но до сега без успех.
Модерното земјоделство нуди нов пристап кон одржливо производство на храна без палење. Но додека тие системи се применат кај нас се препорачува умерено користење на метода на палење и одговорност кон регулирање на горењето со цел спречување општи пожари.