fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
fa5671a1 3b9e 4a1e ef4 de46eee226 1

Скочивирска клисура – најдолгата клисура во Македонија

Скочивирската клисура, сместа во јужно-централниот дел на Македонија со својата вкупна должина од околу 80-тина километри претставува најдолга клисура во Македонија.

Почнува од селото Скочивир во западниот дел од Мариово, источно од Битола и на југоисточниот дел и завршува во селото Возарци во Тиквешката Котлина. Морфолошки, клисурата може да се подели на три дела: првиот е потегот меѓу Пелагониската и Мариовската Котлина, каде долината од страните има пад повисок од 900 м; вториот дел ја опфаќа широката висорамнина на Мариовската Котлина третиот дел го опфаќа потегот од утоката на реката Блашица до селото Возарци.

Низ Скочивирската клисура минува Црна Река. Ова е река со сложен профил, бидејќи тече низ четири морфолошки различни области. Третиот дел од долината на Црна го сочинува атрактивната Скочивирска Клисура низ која Црна тече во должина од 80 км, со генерален правец на тек север-североисток. Таа е тесна, делумно кањонска и полна со брзаци клисура. Според Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Македонија, водостопанските прашања се сведуваат на нејзино користење во енергетски цели. Поради тоа е овозможено изградба на повеќе акумулации – Тиквеш, Чебрен и Галиште. Од нив сега е изградена само вештачката акумулација Тиквешко Езеро (1968 год.) со површина од 14 км2 и средно годишно производство на електрична енергија од 185 милиони kWh. По излезот од Скочивирската Клисура, Црна тече низ Тиквешката Котлина и тоа е четвртиот, долен тек од нејзиното корито, во кое таа тече кон северно-источен правец.

Скочивирската клисура минува низ 2 национални подрачја со биолошко значење: Мариово и Тиквеш. Според Националната еколошка мрежа, Мариово и Тиквеш претставуваат важни области за птици ( Important Bird Area- IBA) и области важни за растенијата ( Important Plant Area – IPA) и двете со светско значење.

Мариово нема се уште формална законска заштита, додека Тиквеш е подрачје под заштита во категоријата – строг природен резерват. Заштитеното подрачје Тиквеш се наоѓа во Тиквешката Долина, во кањонот на Скочивирската Клисура, по течението на реката Црна, околу 10 km југозападно од градот Кавадарци. Според Студија за ревалоризација на природните вредности на ЗП Строг природен резерват “Тиквеш”, Скочивирската клисура е особено богата со биодиверзитет за групи како птици, инсекти и влечуги.

Сподели