fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
tvrdenjata na zagovornicite za klimatskite promeni kako potencijalna opasnost 1

Тврдењата на заговорниците за климатските промени како потенцијална опасност

Бјорг Ломборт за Project Syndicate

Во денешно време соочени сме со потребата од тоа да најдеме решение за климатските промени, но истовремено е потребно да водиме сметка лекот да не направи повеќе штета од самата болест. Напуштањето на фосилните горива што е можно поскоро, како што бараат повеќето активисти за животна средина, ќе го забави растот кој успеал да извлече од сиромаштија милијарди луѓе.

ПАЛО АЛТО – Голем број од луѓето на Планетата Земја секој ден се будат со помислата дека работите постојано се влошуваат, со оглед на она што секојдневно го читаат во весниците или го гледаат на телевизија. Сепак, ваквото расположение претставува проблем, затоа што се надоврзува на страшните приказни за тоа дека климатските промени на крајот ќе завршат со сеопшта пропаст.

tvrdenjata na zagovornicite za klimatskite promeni kako potencijalna opasnost

Факт е дека светот во најголем дел се подобрува. За почеток, просечниот животен век се удвои за повеќе од двојно од 1900-та година и сега изнесува повеќе од 70 години. Со оглед на тоа дека ваквото зголемување се забележува најмногу кај посиромашните луѓе, имаме значително намалување на нееднаквоста во здравствената состојба. Исто така, светот е повеќе писмен, детскиот труд се намалува а ние живееме во еден од најмирните периоди во историјата на човештвото. Освен тоа, луѓето се подобри и во економска смисла. Во изминативе 30 години, просечните приходи по глава на жител на меѓународни ниво се зголемија речиси двојно, што доведе до огромни намалувања на стапките на сиромаштија. Во 1990 година, речиси четворица од десет луѓе во светот беа сиромашни, а денес тоа се помалку од еден од десет. Ова помогна да се промени начинот на кој живеат луѓето. На пример, во периодот од 1990 година до 2015 година, процентот на светско население кое практикува дефекација на отворено се намали на 15%. Во истиот период, 2,6 милијарди луѓе добија пристап до подобри извори на вода, со што севкупниот удел на глобално ниво изнесува 91%. Сите овие промени исто така ја подобрија и животната средина. На глобално ниво значително се намали ризикот од смртност од загадувањето на воздухот (досега инаку најголем убиец на животната средина); во земјите со ниски приходи тоа се намали речиси двојно во периодот од 1990 година. Конечно, богатите земји сè повеќе ги зачувуваат шумите и повторно пошумуваат, благодарение на поголемите приноси во земјоделството и промената на ставовите кон животната средина. Секако дека голем број на луѓе ќе го прочитаат ова но и понатаму ќе бидат убедени во тоа дека климатските промени ќе ја збришат планетава. Тоа е разбирливо, но кажува повеќе за влијанието кое го имаат активистите за животна средина кои еднострано ги гледаат работите и очајните медиуми, отколку што е знак како навистина стојат работите. Нас ни велат дека глобалното затоплување ќе доведе до екстремни временски услуги и климатски хаос кој буквално ќе го доведе под знак прашање опстанокот на човештвото. Но ваквиот став не само што не е без основа, туку е во спротивност и на согледувањата утврдени од страна на Меѓувладиниот панел за климатски промени на Обединетите нации (IPPC).

На пример, ураганите постојано се доведуваат во врска со глобалното затоплување, но во изминативе 13 години континенталниот дел на Соединетите Држави беше погоден од само три големи урагани (тоа значи категорија 3 или поголеми), што е најниска бројка од 1900-тата година. Во својата најнова проценка, IPPC ги користи поимите „циклон“ и „ураган“ и вели дека „не се забележани значителни трендови на зачестеност на тропски циклони на глобално ниво во изминатиов век“. Исто така, тимот на НАСА кој се занимава со моделирање на ураганите дојде до заклучок дека „историски гледано, евиденцијата за зачестеност на урагани во Атлантикот не дава убедливи докази за тоа дека глобалното затоплување влијание на зголемување на нивната зачестеност на долг рок“. Научниците сметаат дека глобалното затоплување со текот на времето ќе значи дека ураганите ќе станат помалку чести но посилни. Истовремено, во наредните децении е многу веројатно дека ќе дојде до драматично зголемување на просперитетот, со што ќе станеме поотпорни на ваквите настани. Откако ова ќе го земеме предвид, целокупното влијание на ураганите до 2100-та година ќе биде, всушност, помало во споредба со она денес. Климатските промени се реалност и тоа претставува проблем. Според IPPC, целокупното влијание од глобалното затоплување до 2070-та година ќе биде еквивалентно на 0,2 до 2% загуба во просечните приходи. Тоа не е крај на светот, но е еднакво на една економска рецесија и тоа во свет кој е многу подобар отколку овој денес. Ризикот е дека преголемиот страв може да нè наведе на погрешна патека во справување со глобалното затоплување. Загрижените активисти сакаат светот да престане да ги користи фосилните горива колку што е можно поскоро, но тоа ќе значи забавување на растот кој досега успеал да извлече милијарди луѓе од сиромаштија и кој ја трансформирал нашата планета. Тоа има многу реална цена. Богатите и добро едуцирани луѓе во напредните економии често го игнорираат ова нешто. Поранешниот потпретседател на САД, Ал Гор, во рамките на годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржа во Давос во 2017 година, ги критикуваше плановите за изградба на термоцентрали во Бангладеш, но премиерот на Бангладеш го негираше тоа со зборовите: „Ако не можете да ги развиете економските услови за својот народ, тогаш ќе го спасите својот народ? Мораме да обезбедиме сигурност во исхраната и мораме да им дадеме можности за вработување“.

Анализата на Центарот за попис од Копенхаген покажува, дури и ако ги земеме предвид глобалните климатски промени, изградбата на термоцентрали со цел придвижување на економскиот раст во Бангладеш претставува ефективна политика. Трошокот за тоа ќе изнесува 9,7 милијарди долари, вклучувајќи ги и глобалните долгорочни климатски трошоци во износ од 570 милиони долари, но бенефитите ќе бидат поголеми од 250 милијарди долари, што е еднакво на бруто домашен производ на Бангладеш во период подолг од една година. На глобално ниво, нашите патеки се дефинирано со активностите кои се преземени од Обединетите нации со проучување на пет различни глобални иднини. Се чини дека за човештвото подобро сценарио ќе биде (вклучително и за Африка) она кое интензивно користи фосилни горива дури и ако успееме да оствариме намалување на CO2 на бенигно ниво. Потребно ни е решение за климатските промени но исто така мора да водиме сметка лекот да не доведе до поголема штета од болеста. Пропорционален одговор би бил да се инвестира многу повеќе во истражување и развој на евтини извори на енергија кои не подразбираат јаглерод а со која евентуални би ги замениле фосилните горива. Со ова ќе се обезбеди непречен премин со кој нема да дојде до забавување на економијата и нема да има последици за најранливите во општеството. Пропаста и процутот се нешта кои го пореметуваат нашиот поглед на светот и можат да доведат до лоши политики. Иднината е светла а нас ни се потребни паметни одлуки тоа така да остане и понатаму.

Сподели