Во планинарскиот клуб “Љуботен”, низ сокачињата на Тетово, се чуваат најстарите дрвени скии кои се спуштиле по Шар Планина, уште во 30тите години на минатиот век. Фотографии од планинари, опрема и дописи од меѓувоениот и повоениот период, се грижливо чувани од Јован Божиноски, претседателот на овој клуб и новиот еко-амбасадор на ДОМА.
Неговата љубов за Шара е заразна а, неговата визија е на сигурен пат да се оствари. Тој го познава секој жител на планината, од падините, па се до нејзините високи врвови и со нив заедно работи на унапредување и зачувување на природните вредности на Шара.
Режија: Ана Алексовска
Камера: Владимир Димоски
Монтажа: Борче Крстевски