Однесено со реката
30 септември 2021
Екофилм
Прегледи: 1361
На Балканот освен бурната историја и минато, ги делиме и природните богатства и реките. Реките нè раздвојуваат, но и нè спојуваат. Тие во себе ја носат нашата неодговорност кон природата и ја споделуваат со државите соседи. Со новиот краток еколошки документерен филм „Однесено со реката“ ја раскажуваме приказната за три балкански реки, неми сведоци за регионалното загадување. Добредојдовте во новата, четврта сезона на ДОМА филм – приказни од и за природата.
Автори: Кирил Арсовски Пржо, Жанета Трајкоска, Ана Алексовска
Водител: Ѓорѓи Нешкоски
Режија: Ана Алексовска
Камера: Иван Поповиќ, Љубомир Домазетов
Монтажа: Борче Крстевски
Благодарност до: Ивор Фука, Тијана Бајиќ