fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
geoloska raznovidnost featured

Геолошка разновидност

Поимот на геолошка разновидност се однесува на варијациите кај карпите, минералите, депозитите и наслаги, геолошките формации и процесите кои нив ги создаваат. Подобреното разбирање на геолошката разновидност ќе ни помогне подобро да управуваме со животната средина и тоа исто така ќе додаде вредност на искуствата во природата.

Geoloska raznovidnost 1

Геолошките карти ги прикажуваат варијациите кај својствата на карпестото тло и остатоците. Геологијата е главен извор на варијации во природата. Токму варијациите кај карпестите тла и процесите на ерозија се манифестираат преку разноликоста на геолошки формации околу нас. Биодиверзитетот е резултат на разните хранливи минерални материи кои можат да се најдат во карпестото тло – на пример варовник, калиум, магнезиум, фосфор и тешки метали. Ако направиме еден поглед одозгора ќе може да забележиме како промените кај флората кореспондираат со промените кај геолошките структури. Карпите богати со варовник овозможуваат многу поприсутна и разнолика флора во споредба со карпите богати со кварц. Во таа смисла, геолошките карти можат да ни дадат информации за биолошката разновидност.

Геолошката разновидност исто така претставува наше геолошко наследство. Поконкретно, тоа се места кои се одраз на значењето на геолошките процеси во создавањето и развојот на биосферата, човековиот живот и културата. Скаменетата морена која е стара 600 милиони години е сведок на ледените доба во минатото. Слоевите од фосили во карпите ни раскажуваат за биодиверзитетот кој постоел пред стотици милиони години, како показател на фазите на евалуација и како извор на можности за нас да ги проучуваме облиците на живот кои повеќе не постојат. Во повеќе делови на Норвешка има можности за проучување на древни вулкани, за проучување на остатоци од морско дно чија вода одамна исчезнала и за испитување на основите на големите планински венци кои одамна биле проголтани со ерозијата. Геологијата исто така ни овозможува да си визуелизираме како изгледала Норвешка кога тука се населиле првите луѓе како и бројните ледени доба и климатските промени низ кои поминала Земјата во изминатите три милиони години.

Голем број на вакви мистерии можат да се решат со истражување на светот на природата. Определени природни области се од голема важност за меѓународните истражувачи, додека други се основа за разбирање на геологијата како наука. Други, пак, места можат да бидат извонредно прекрасна илустрација за геолошките процеси, или едноставно да раскажуваат приказни кои можат да ни бидат интересни додека пешачиме по патеките во предвечеријата на денот. Туризмот базиран во природата може да има полза од „додадената вредност“ овозможена од геолошката разновидност.

НГУ предвидува дека оние кои не се геолози ќе знаат да ги ценат богатата геолошка разновидност и геолошкото наследство на Норвешка, па во таа смисла е посветен на документирање, зачувување и комуницирање на геолошката разновидност.

Сподели