Исчезнат вид на полжав се врати во Дојран

18 јули 2020

Graecoanatolica macedonica претставува ендемит за Дојранското Езеро.

Graecoanatolica macedonica претставува ендемит за Дојранското Езеро. Со намалувањето на нивото на водата во 1970-тите значително се намалила и густината на неговите популации, па во периодот 1992 – 2001 видот не бил нотиран и бил прогласен за исчезнат. Сепак, нотирањето на черупки во 2015 и 2016, иницира на фактот дека видот е сè уште присутен во езерото. Проектот  “Оценка на конзервацискиот статус на еден ендемичен слатководен полжав во Дојранско езеро – популациски статус, закани и конзервациски мерки, Северна Македонија” работи да ја открие оваа мистерија. Дали видот е сепак жив?

Ekoloska pismenost

    Поврзани приказни