Фотографија од природнонаучен музеј, со текст: Државата веќе со години не вложува во развој на природнонаучните музеи.

Македонските природонаучни музеи се вредни научно истражувачки институции кои буквално се распаѓаат. Сите три музеи: Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје – со својата подружница во Дојран и Природонаучниот музеј „Д-р Никола Незлобински“ – Струга имаат очајна потреба од реновирање, одржување и унапредување.