fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
kolumna za resenija na prirodna baza intro

Решенија на природна база

kolumna za resenija na prirodna baza 1Лорд Голдсмит е министер за пацификот и животната средина при Министерството за надворешни работи и развој и Секторот за животна средина, храна и рурални средини (Дефра)

Ковид пандемијата ја изнесе на виделина целата нашата ранливост, и тоа на повеќе нивоа. Сепак, со малку среќа, тоа исто така може да послужи и како повик за будење.

Искоренувањето на цели екосистеми и продолжувањето на мрачната нелегална трговија со диви животно – да не го спомнуваме и проблематичното фабричко земјоделство – сето тоа придонесува за појава на нови смртоносни болести. Истовремено, злоупотребата на антибиотиците што вообичаено ја практикуваме го компромитираше нашиот капацитет да се справиме со оваа појава.

Пандемијата е симптом на нашата злоупотреба на природата, но науката е јасна: оваа криза нема да биде ништо во споредба со други идни кризи ако ние продолжиме да го уништуваме природното опкружување и да ја дестабилизираме кревката клима.

Овој месец, индексот на Living Planet покажа дека популациите на најважните видови се намалиле за 68% и тоа во периодот во кој јас сум жив – тоа се нарекува еволутивна наносекунда. Стотици илјади видови се соочуваат со опасност од истребување – од големите морски животни до ситни камелеони кои се толку мали што можат да застанат на врв од кибритче.

Секоја минута во светот се уништуваат шуми големи колку триесет фудбалски терени а нивното уништување е втората водечка причина за климатските промени.

Нас ни се нешто што е многу очигледно – трагедија. Тоа е истовремено и човечка трагедија. Милијарда луѓе се зависни од шумите за да можат да преживеат. Речиси ист број на луѓе се исто така зависни од рибите за да можат да преживеат. Кога ќе се поремети она што ни го дава природата, први кои ќе настрадаат се најсиромашните.

Главен предизвик на нашето време е како да ја преобратиме ваквата ситуација. Секако дека ние тоа можеме да го направиме, ако во тоа помогнат и државите.

Како еден од домаќините на следната Конференција за климатски промени на Обединетите нации (COP), Обединетото Кралство ја има водечката улога на двигател на глобалните активности. Среќна околност во врска со емисиите е што пазарот оди понапред од политиката, во смисла на тоа дека инвестициите во обновливи извори на енергија сега ги надминуваат инвестициите во фосилни горива. Сепак, технологијата сама по себе не може да ги спречи климатските промени.

Природните решенија, како што се заштитата и обновувањето на ризофората, шумите и тресетиштата значеле третина од решението за ублажување на климатските промени (зборуваме за решенија кои се економични и ценовно прифатливи), истовремено помагајќи да се намали стапката на истребување на видовите. И покрај ова, овие решенија привлекуваат незначителни 3% од вкупното климатско финансирање на глобално ниво, што нема никаква логика.

Во таа смисла, Обединетото Кралство ќе го искористи претседавањето со конференцијата на страните (COP26) за да ги убеди другите држави да се фокусираат на природата кога спроведуваат интервенции поврзани со климатските промени.

Ние го удвоивме меѓународното климатско финансирање а ќе ги зголемиме и финансиските средства наменети за природата.

Спроведуваме една амбициозна програма – нов Фонд за пределски биодиверзитет во износ од 110 милиони евра од чија цел е меѓусебно да ги поврзе оние предели кои се од суштинска важност, како и Фонд за сината планета во износ од 550 милиони евра со цел обнова на морските екосистеми. Нашата иницијатива наречена „Син појас“ е во насока на заштита на подрачје големо колку Индија а се наоѓа во Прекуморските Територии на Обединетото Кралство, а предводници сме исто така и на глобалната кампања за заштита на најмалку 30% од океаните до 2030 година

Парите сами по себе нема да го решат проблемот, но државите имаат силни алатки со кои можат да ги натераат пазарите повеќе да ја вреднуваат природата и да воведат цена која треба да се плати во случај на уништување на животната средина.

На глобално ниво, земјоделството учествува со 80% во уништувањето на шумите, најмногу поради одгледувањето на палмино масло, соја и како. Ако педесетте држави кои се најголеми производители на храна го следат нашето водство во насока на  замена на системот на субвенции за користење на земјиштето со систем што ги наградува земјоделците за добро управување со животната средина, во тој случај околу 600 милијарди годишно (околу четири пати повеќе од светскиот буџет наменет за помош) ќе се пренасочи кон помагање на природата.

Ние веќе ги инициравме консултациите на светско ниво за тоа што треба да се направи за големите компании да го отстранат уништувањето на шумите од нивните синџири на добавување. Ако можеме да ги убедиме и другите земји, ќе постигнеме ситуација во која пазарот повеќе ќе ги вреднува шумите ако се живи, отколку да се уништени.

Нашиот премиер денес во Обединетите нации ја потпишува „заложбата на лидерите за природа“ при што Обединетото Кралство имаше водечка улога во нејзината изготвување. Станува збор за амбициозен повик за делување кој го препознава неуспехот на многуте претходни декларации и ја повикува секоја генерација да донесува суд за лидерите врз основа на тоа дали го почитуваат својот збор.

Во време кога државите го мапираат своето економско опоравување, ние имаме избор – дали да останеме на статус кво ситуација и да се заклучиме во децении кои ќе се карактеризираат со јаглеродни емисии и уништување на животната средина, или да го искористиме овој момент за темелно преиспитување и ресетирање на нашиот однос со светот на природата.

Сподели