Според Студијата за влијание на климатските промени врз здравјето на луѓето во Македонија, климатските промени ќе предизвикаат сериозни последици врз здравјето на луѓето но сепак сериозноста на овие последици ќе зависи од регионот и од способноста на населението да се подготви, да се справи и да се опорави од директните влијанија и од индиректните влијанија.
Што е климатска адаптација
Климатска адаптација е сет на мерки и процеси кои треба да ги подготват екосистемите за последиците од климатските промени.