Фотографија од мачка со птица во уста, со текст: Уличните мачки го намалуваат биодиверзитетот.Без оглед што се посакувани домашни миленици, сепак уличните мачки претставуваат сериозна закана за урбаниот биодиверзитет, но и за сите околни екосистеми. Тие се предатори кои може да се хранат со голем број на видови, а освен тоа тие пренесуваат различни зарази и може да се хибридизираат со дивите мачки. Затоа е потребен систем за целосно решавање и вдомување на уличните животни.