Чуму нови ски центри (1): Кожуф пропаѓа

30 декември 2021

Во услови кога најновиот и најсовремен Кожуф со години се опструира и во услови кога од осамостојувањето на државата па се до денес не е инвестирано речиси ниту едно евро во постојните скијачки капацитети, многу природно се наметнува прашањето дали воопшто постои елементарна логика во идејата за изградба на нови центри во Македонија.

  • chumu novi ski centri kozuv propagja 1
    Ски центарот „Кожуф“, поради својата географска позиционираност, има идеални услови да прерасне во врвен зимски туристички центар. Лоциран е на само четириесетина километри од коридорот 10, кој преку Македонија и Србија ја поврзува Република Грција со западноевропските земји. Оддалечен само 100 километри од Солун и околу 200 километри од Скопје, центарот е исклучително атрактивен за оние скијачи кои патуваат со автомобил.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Фотографија и текст: Дарко Андоновски

    Поврзани приказни