Црната дудинка од Лесново – помеѓу културата и природата

22 јули 2019

Во дворот на познатиот Лесновски манастир, веднаш до манастирската врата и до црквата се наоѓа едно од најинтересните заштитени подрачја во Македонија – лесновската црна дудинка.

Во дворот на познатиот Лесновски манастир, веднаш до манастирската врата и до црквата се наоѓа едно од најинтересните заштитени подрачја во Македонија – лесновската црна дудинка. Ова живо дрво спаѓа во групата на најмали по површина заштитени подрачја – поединечни стебла.

  • 9cbaa581 1539 4234 d873 e831e986bb1a

Се смета за најстаро стебло од дудинка во Македонија и се работи за алохтон вид. Според дендрохронолошките анализи таа е со старост меѓу 450-600 години. Стеблото од црната дудинка (Morus nigras) се наоѓа на влезот во населеното место Лесново, во дворот на манастирот Свети Гаврил Лесновски на надморска височина од 876 м., во општина Пробиштип.

Во 1962 г., според Републичкиот завод за заштита на споменици на културата, стеблото од црна дудинка во дворното место на Лесновскиот манастир е прогласено за споменик на природата.

  • dsc 3857679c4 2b74 c36a f6f7 162311ee9741

Денес, стеблото од дудинката поради својата старост е искривено и полегнато, но се уште е здраво. Фактот што се наоѓа во двор на активен манастир претставува дополнителна заштита за него.

Според најновите истражувања од 2014/2015 година, експертите даваат предлог ова заштитено подрачје од категорија Споменик на природа да се премести во категоријата Природна реткост. Местоположбата на стеблото од црна дудинка, специфичниот и единствен раст и развој и значењето што го има за самиот манастир, се основните причини за потребата од покренување на постапка за прогласување за дудинката за природна реткост.

  • ec927e9 e17f 444c 8cbe 1393f221e327

    Поврзани приказни