Дувало – македонскиот „вулкан“ што не е вулкан

17 август 2022

Тука изворот на миризбата не е присуството на термални извори, туку е сосема различен и потекнува од еден природен феномен, кој е многу редок во светот, а кој народот го нарекол со едноставно име – Дувало.

  • duvalo makedonski vulkan shto ne e vulkan 1
    На околу 7 километри североисточно од Охрид, на патот што води кон Ресен, се наоѓа селото Косел. Косел според ништо не се разликува од останатите крајпатни населени места, освен по тоа што, уште пред да се стигне до таблата која го означува влезот во селото, започнува да се чувствува интензивен мирис на сулфур (најчесто опишан како мирис на расипано јајце), кој е препознатлив и за други локалитети во Македонија, онаму кајшто постојат термални бањи. Но, тука изворот на миризбата не е присуството на термални извори, туку е сосема различен и потекнува од еден природен феномен, кој е многу редок во светот, а кој народот го нарекол со едноставно име – Дувало.

Текст и фотографија: Дарко Андоновски

Благодарност до др. Марјан Темовски, Институт за нуклеарни истражувања Дебрецен, Унгарија

    Поврзани приказни