Кундинско езеро – вулкански бисер на Осоговијата

30 март 2022

Кундинско езеро е мало природно езеро со вулканско потекло кое се наоѓа на околу 4 километри северозападно од градот Пробиштип, во подножјето на планината Плавица, која е краен западен огранок на Осоговскиот масив и е висока 1.297 метри.

Кундинско езеро е мало природно езеро со вулканско потекло кое се наоѓа на околу 4 километри северозападно од градот Пробиштип, во подножјето на планината Плавица (меѓу локалното население позната и како Златица), која е краен западен огранок на Осоговскиот масив и е висока 1.297 метри. Своето име езерото го добило по селото Кундино, од кое е оддалечено околу 1.200 метри.

  • kundinsko ezero vulkanski biser na osogovijata 1
    Проф.д-р. Ивица Милевски во публикацијата „Основни одлики на палеовулканскиот релјеф во западниот дел на Осоговскиот масив“ ја опишува планината Плавица како впечатлив палеовулкански центар. Нејзиниот врв, гледано од јужна страна, ја има типичната форма на вулканска купа, а во непосредна негова близина се распоредени повеќе помали, таканаречени паразитски купи, меѓу кои се формирале депресии кои предиспонирале создавање на неколку речни корита, како и на коритото на Кундинското езеро.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Извор: Ивица Милевски, Основни одлики на палеовулканскиот релјеф во западниот дел на Осоговскиот масив Билтен за физичка географија – Bulletin of Physical Geography, 2005

Фотографија и текст: Дарко Андоновски

    Поврзани приказни