Охридските чемпреси – незаштитени „чувари“ на вечниот дом на Прличев

10 октомври 2022

На нашите простори се застапени два вариетети на обичниот чемпрес, пирамидален (во народот познат и како машки чемпрес) и хоризонтален (женски).

  • nezastitenite cuvari na vecniot dom na prlicev 2
    Уште од периодот на крајот на третиот век, кога христијанството започнало да навлегува на Балканот, а особено од пред 1000 години, кога за време на Самоиловото царство е создадена Охридската архиепископија, градот Охрид претставувал важно духовно средиште и еден вид епицентар на црковниот живот на овие простори. Бројните цркви, меѓу кои и некои чии фрескоживописи се од есенцијално значење за проучувањето на византиската култура, денес претставуваат значајно културно-историско наследство на Македонија, кое сведочи за нашата богата духовна, културна и просветителска историја, со каква ретко која земја може да се пофали. Легендата вели дека некогаш во Охрид имало 365 цркви, по една за секој ден во годината. Постојат и археолошки наоди, кои го потврдуваат постоењето на бројни верски објекти во минатото и кои сведочат дека овој наш туристички бисер, во одредени периоди од својата историја бил исклучително важна духовна дестинација, заради што впрочем и го добил епитетот Балкански Ерусалим.

Текст и фотографија: Дарко Андоновски

    Поврзани приказни