Орашац – палеонтолошкото богатство на Куманово

5 септември 2019

Во ридовите веднаш над кумановското село Орашац, скриено во густа дабова шума се наоѓа палеонтолошкото наоѓалиште Орашац, едно од поважните геолошки локалитети во државата.

Во ридовите веднаш над кумановското село Орашац, скриено во густа дабова шума се наоѓа палеонтолошкото наоѓалиште Орашац, едно од поважните геолошки локалитети во државата.

Овој локалитет е заштитено природно подрачје кое со одлука на општинското собрание на Куманово е прогласено за споменик на природата. Ова се должи на постоењето на фосилни остатоци од медитеранската маринска провинција од горна јура.

Според Студијата за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија, локалитетот Орашац се става на листата на издвоени локалитети на значајно геонаследство од сферата на геологија што треба да се земат предвид при изработка на новиот Просторен план на Република Македонија.

  • e97c1d79 bf9 42c 93aa ecc5f5b17ed2

Палеонтолошкиот локалитет Орашац се наоѓа на околу 1 км југо-западно од селото Орашац, на падините на ридот Пештер, во насока кон долот што го формира малата река Бабин Дол, која тече низ селото. До него води стар макадам кој денес се користи за напасување на добитокот. Местото е веќе обраснато со густа, ниска дабова шума и висока трева. Нема никакви маркации за постоењето на овој локалитет околу. Возрасното локално население нема колективно сеќавање за постоењето на ова место во атарот на нивното село, а не ни постојат јавно објавени или публикувани информации околу последните испитувања на овој локалитет. Според Законот, денес управувач на ова подрачје е општината Куманово.

Поголемиот дел од значајни палеонтолошки подрачја во Македонија се оставени сами на себе и без никаква грижа околу нивното зачувување или истражување.

Литература:

https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf

https://www.ceprosard.org.mk/IPARD/PDF/GI/9.Lista_na_Prirodni_zastiteni_zoni.pdf

Prilog_7_Lista_na_Prirodni_zastiteni_zoni_i_pregled_na_postojnite_akti_so_koi_se_ureduvaat_zastitenite_oblasti_i_predmeti

    Поврзани приказни