Прекрасно богатство во срцето на Малешевијата

23 февруари 2022

Станува збор за подрачје каде што интеракцијата на луѓето со природата во текот на времето создала предел со значителни еколошки, биолошки, културни и други вредности, географски особености и има рекреативно, историско и научно значење.

Со одлука на Владата на Република Македонија од декември 2021 дел од Малешевските планини е прогласен за заштитено подрачја од петта категорија односно – заштитен предел. Станува збор за подрачје каде што интеракцијата на луѓето со природата во текот на времето создала предел со значителни еколошки, биолошки, културни и други вредности, географски особености и има рекреативно, историско и научно значење.

Заштитата на овој предел ќе се врши преку преземање на активности за зачувување и одржување на значајните или карактеристичните особини произлезени од природната конфигурација и од типот на човековата активност, одржување на хармоничната интеракција на природата и културата и продолжувањето на традиционалниот начин за користење на земјиштето.

Се предвидува и поддршка на начинот на живот и економските активности кои се хармонизирани со природата и заштита на социјалната и културнатa основа на заедниците кои живеат на тоа подрачје и одржување на разновидноста на пределот и живеалиштата, како и на видовите и екосистемите. Во рамките на заштитените предели постојат зони со три нивоа на заштита: зона на строга заштита, зона на активно управување и зона на одржливо користење.

  • prekrasno bogatstvo vo srceto na maleshevijata 1
    Поширокото подрачје на Малешевските планини, кое е дефинирано како заштитен предел Малешево, заради своите биолошки, пределни и геоморфолошки вредности е вклучено во сите стратешки документи од областа на заштита на природата и биолошката разновидност во Република Македонија, и тоа не само заради природните вредности туку и заради својот туристички потенцијал.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Фотографија и текст: Дарко Андоновски

    Поврзани приказни