Сини вирој – неоткриена македонска убавина

27 април 2022

Блатото претставува огромен комплекс од повеќе езера, мочурливи и влажни ливади, поплавена евлова шума, тесни појаси со трска, мрежа од водотеци, карстни и подводни извори, но и обработувани површини.

  • sini viroj neotkriena makedonska ubavina 1
    На само неколку километри од патот Кичево – Охрид, во атарите на селата Белчишта и Ново село, е лоцирано Белчишко блато, познато меѓу населението и како Сини вирој, за јавноста речиси неоткриен локалитет кој во себе крие неверојатна природна убавина и огромно природно богатство. Блатото претставува огромен комплекс од повеќе езера, мочурливи и влажни ливади, поплавена евлова шума, тесни појаси со трска, мрежа од водотеци, карстни и подводни извори, но и обработувани површини. До него може да се стигне и од страната на село Белчишта и од страната на Ново село, до кои води асфалт, а потоа неколку стотини метри треба да се поминат по земјен пат.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Фотографија и текст: Дарко Андоновски

    Поврзани приказни