Смоларски водопад — водопад сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари. Селото Смолари се наоѓа во северното подножје на планината Беласица во областа позната како Подгорие. Водопадот е оддалечен 28 километри од градот Струмица.
Вкупната височина на вертикалата на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри.. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.
Со одлука на Собранието на РМ, Смоларските водопади се прогласени за Споменик на природата за нивните геолошки и вегетациски вредности.
Низ локалниот пат кој води до с. Смолари поставени се неколку јавни и индивидуални табли кои го покажуваат правецот кон локалитетот. Од селото до водопадите се пристигнува преку уредена планинска патека, со ограда изработена од дрво како и што наведува во Закон за заштита на водопадите. Низ патеката се поставени неколку едукативни табли кои поставени од неколку проекти посветени на локалитетот, најчесто финансирани од странски фондации.
Во зоната за активно користење на локалитетот се наоѓа и приватен ресторан. Изграден е од дрво, но неговите капацитети и начините на кои се шири и гласната музика почнува да ја нарушува мирната атмосфера на локалитетот. Со оглед на тоа дека водопадите се на неколку минути од селото, потребата за угостителски ресторан толку блиску до шумата ја губи потребата.
Управувач на Смоларските водопади е Општината Ново Село која освен со промоција треба да се позанимава и со унапредување на локалитетот и одржување на околната атмосфера.
Ознаки по патот
Уредена шумска патека води до водопадите
Старата дрвена ограда е заменета со метална
Смоларски Водопади
Дрвена платформа за набљудување
Ресторанот близу локалитетот
Последици од угостителството
Изградба на мал хотел во близина на локалитетот