Заборавениот (не)заштитен даб во Трпејца

19 октомври 2022

Македонскиот даб отсекогаш бил ценет поради исклучителната цврстина и непропустливост на неговото дрво.

  • zaboraveniot nezashtiten dab vo trpejca 1
    Трпејца, некогаш мало рибарско село на источниот брег на Охридското езеро, веќе неколку децении не е само обична рурална населба во која населението својата егзистенција ја остварува низ земјоделство, сточарство или пак рибарство, туку спаѓа во редот на оние македонски села кои со својата специфика, убавина, природно и културно наследство претставуваат значајни точки на туристичката мапа на Македонија. Заради, преубавиот амбиент, несекојдневниот мир, чистата езерска вода, најубавиот залез на Сонцето, но и заради своето многувековно културно-историско наследство, Трпејца кон крајот на минатиот век прерасна во неизбежна дестинација за бројни домашни и странски посетители кои доаѓаат да го посетат охридското крајбрежје. Токму заради атрибутите на значајно туристичко место и заради големата фреквенција на посетители, особено во летните месеци, Трпејца, многу повеќе од некои други селски населби, претставува еден вид репрезент на природното и културно богатство на нашата земја, но во исто време и огледало на нашиот менталитет, нашите навики, начин на живот, односот кон средината во која општиме и односот кон околината што не опкружува.

Текст и фотографија: Дарко Андоновски

    Поврзани приказни