fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
makedonija e nepodgotvena za klimatskite promeni featured

Македонија е неподготвена за климатските промени

  • Новиот Закон за климатска акција две години чека „зелено светло“ од Собранието, а треба да почне да се спроведува од 1 јануари 2024.
  • За да се постигнат целите треба да бидат спроведени 50-ина мерки и политики во енергетиката, транспортот, земјоделството, индустријата, управувањето со отпадот, шумарството.
  • Националниот комитет за климатски промени треба да биде координативно тело, ама не функционира поради честите избори и промените во позициите на функционерите.
  • Впечатокот е дека нема доволно политички интерес за ефикасна борба со климатските промени, а и климатската писменост на власта не е на завидно ниво.

Изгор лето – кочан зима. Така досега ја опишувавме климата во Македонија. Изминатава зима не само што не беше кочан, туку беше пеколна. Службата за мониторинг пресмета дека Европа ја имаше втората најтопла зима од почетокот на мерењата во 1979 година, а февруари на стариот континент бил со натпросечна температура и далеку помалку влага.

makedonija e nepodgotvena za klimatskite promeni 1

Отстапување од површинската температура за февруари 2023 година, споредено со просекот за месец февруари во периодот 1990-2020 година. Извор: ERA5. / Copernicus Climate Change Service/ECMWF.

Климатските промени се тука, а Македонија не е подготвена. Новиот Закон за климатска акција сè уште чека „зелено светло“ од Собранието, а треба да почне да се спроведува од 1 јануари 2024. Некој ќе рече, има време до јануари. Но, часовникот отчукува. Македонија потфрла, а тоа го признаваат и надлежните во Третиот двегодишен извештај за климатски промени.

Клучна улога во борбата со климатските промени има Министерството за животна средина. Таму има одделение за климатски промени и центар за мониторинг и известување. Но, на ниво на Влада има проблем. Националниот комитет за климатски промени треба да биде координативно тело, ама не функционира поради честите избори и промените во позициите на функционерите. Ниту во институциите има квалификуван кадар за ефективна климатска акција.

 Впечатокот е дека нема доволно политички интерес за ефикасна борба со климатските промени, а и климатската писменост на власта не е на завидно ниво. Тоа може да се заклучи и од Буџетот за 2023 година – само 0,7% од расходите се планирани за заштита на природата! Проблеми има и на локално ниво – малку градови имаат стратегија за климатска отпорност, а ако сакате да дојдете до информација за климатските промени, наидувате на скудни информации.

Ова ја прави Македонија многу ранлива земја зашто заканата не се препознава, па оние кои ја водат оваа донкихотовска битка треба да се потпираат на финансиска поддршка од меѓународни организации.

Новиот закон се носи цели две години откако Македонија ја доби првата долгорочна Стратегија за климатска акција. Во неа е наведено дека земјава до 2050 година треба да стане просперитетна ниско јаглеродна економија и да ги намали емисиите на стакленички гасови за 72% споредено со нивото од 1990 година. Кога ќе чуете колку пари ни требаат за ова, ќе разберете зошто доцниме.

Македонија за да ги постигне целите треба да спроведени 50-ина мерки и политики во енергетиката, транспортот, земјоделството, индустријата, управувањето со отпадот, шумарството. Тие треба да донесат помали емисии, поголема енернетска ефикасност, мобилност, подобри земјоделски практики, пошумување, за што ни требаат фантастични 35 милијарди евра до 2050 година!

Поплави во с. Раотице во 2010 година

Во Македонија веќе ги живееме последиците од климатските промени. | Поплави во с. Раотице во 2010 година. Фотографија: Дарко Андоновски

Задолженија ќе добијат многу институции, и на централно и на локално ниво. Ќе се формира Национален координативен совет за климатска акција – ова тело ќе дава и насоки и препораки за она што треба да се прави. Во него ќе членуваат претставници од сите засегнати институции – министерства, агенции, дирекции, МАНУ, комори, локални самоуправи, а главен играч е ресорот животна средина. Премиерот ќе биде на чело на Националниот совет за одржлив развој, а ќе се формира и советодавно научно тело кое ќе треба да дава ум.

Но, во Извештајот за проценка на влијанието на регулативата, доставен заедно со предложеното законско решение се предупредува дека заложбите не смее да останат само на хартија.

„Без формирање на минимум една организациона единица за собирање на мониторинг извештаите од инсталациите и нивно вградување во националниот систем за инвентаризација, воспоставувањето на системот не би било функционално“, се наведува во Извештајот за проценка на влијанието на регулативата.

Македонија е потписничка на Рамковната конвенција на ООН за климатски промени, на Протоколот од Кјото, Договорот од Париз. Иако сме мала земја со скромни емисии, сепак, мора навреме да дејствуваме зашто последиците ќе бидат огромни.

Во Македонија веќе ги живееме последиците од климатските промени. Се почестите и поинтензивни климатски непогоди, суштата, запустувањето на површините и губењето на водните акумулации веќе укажуваат на фактот декаа системските промени требаше да се случат уште вчера. Како земја со мала површина без пристап до море, зачувувањето на пределите и природните ресурси мора и треба да се приоритет. Климатските промени веќе не се викенд-активност.

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

 

Новинар: Мартин Пушевски
Снимател: Наке Батев
Фотографија: Томислав Георгиевски, Дарко Андоновски
Монтажа: Ристо Душковски