Шара е национален парк во Косово веќе 30 години

11 јуни 2019
Одржливо
Прегледи: 197
За националниот парк Шара во Косово се грижи посебна дирекција која го регулира рационалното користење на природните добра. Ловот е забранет, а дозволена е сеча на дрвја само за потребите на локалното население. Со прогласување на Шар Планина за национален парк и од страната на Македонија ќе се овозможи заштита на биодиверзитетот во целост.