fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
makedonska sivka trailer cover

Најавуваме документарен филм „Природа на продажба“

Криминалите врз животната средина доаѓаат во многу различни форми, но неретко се случува извршители да се и добрите познавачи на природата. Таков е случајот со колекционерството на животински видови, кое со себе повлекува и криволов, шверц и трговија со заштитени видови. Сето тоа негативно влијае врз биодиверзитетот, но и врз економијата на регионот.

Дома во соработка со Дојче Веле Европа ја истражи ситуацијата со стеноендемитот македонска сивка – пеперутка која жива може да се најде единствено на падините на Плетвар, но препарирана се појавува на онлајн сајтовите за продажба, како и на различните пазари за инсекти.

Ја најавуваме премиерата на новиот новиот документарен филм „Природа на продажба“, која ќе се одржи на 22 април од 19 часот, на Facebook и YouTube каналите на Дома.

Нелегалното ловење на пеперутката и нејзиното спроведување преку границите на Македонија е досега незабележано и неказнето дејство од страна на македонските власти. Документарниот истражувачки филм „Природа на продажба“ ја објаснува и ја анализира оваа проблематика, трагајќи по одговори и решенија. Проектот е финансиран од Journalism Fund, преку повикот Environmental Investigative Journalism.

Сподели