fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
resenieto za ulicnite kucinja treba da pocne od nesovesnite sopstvenici featured

Решението за уличните кучиња треба да почне од несовесните сопственици

Од взаемното припитомување на човекот со кучето се поминати повеќе од 15,000 години. Се верува дека првиот што рекол дека кучето е најдобриот пријател на човекот бил кралот Фредерик од Прусија во 1789.

resenieto za ulicnite kucinja treba da pocne od nesovesnite sopstvenici 3
„Единствениот, апсолутен и најдобар пријател што човекот го има, во овој себичен свет, единствениот што нема да го предаде или одбие, е неговото куче“, рекол наводно Фредерик.

И ова пријателство има еден куп благодети за човекот, бидејќи кучињата го подобруваат менталното и физичко здравје на сопствениците со нивната љубов, посветеност и активност. 

Од друга страна, при припитомувањето, и кучето станало зависно од човекот за своето преживување. Не само што очекуваат храна и засолниште, туку и нè гледаат како нивно семејство. Оттаму и потекнува и таа нивна безрезервна љубов. 

Но, кога шетаме низ улиците во градовите во Македонија, не изгледа како човекот да ја возвраќа нивната посветеност. Кучето е најдобар пријател на човекот, но дали човекот (генерално) е воопшто добар пријател на кучето? 

Несовесно сопштеништво е главна причина за бездомните кучиња. 

Во последната епизода на нашиот подкаст со наслов „Кој ги пушти кучињата“, зборувавме со Воислав Димитровски – ветеринар со длабоко познавање на ситуацијата со бездомните кучиња преку неговата инволвираност во јавни претпријатија и работни групи.

resenieto za ulicnite kucinja treba da pocne od nesovesnite sopstvenici 1Тој сподели дека главниот прилив на кучиња скитници потекнува токму од несовесни сопственици кои, од било која причина – дали бидејќи кучката неочекувано се окучила или решиле дека повеќе не сакаат да се грижат за своите миленици – ги оставаат на улица.

АХВ (Агенцијата за храна и ветеринарство) има закон за неодговорно сопственишто – но колку луѓе се навистина казнети? Бројот на глоби од 2017-2022 изнесува само 28 од вкупно 383 поднесени преставки. Според информации од јавен карактер добиени од АХВ, во периодот од 2016 до 2023, значи поширока временска рамка, бројот на глоби расте на 33.

Кучињата во планините

Животот на улица не е добар ни за кучињата ни за луѓето. Но, не се само градовите каде што несовесни граѓани ги отфрлаат „старите“ миленици.

Зборувавме и со Диме Меловски, еколог од Македонското еколошко друштво (МЕД), кој веќе 17 години работи на заштита на балканскиот рис, критично загрозен вид, од кој во овој регион – Македонија, Албанија и Косово – има само 40-50 возрасни едники. Околу 80% од нив – значи 35-40 возрасни рисови – се на територија на Македонија.

Рисовите во националниот парк Маврово секако имаат „ривали“ како мечката и волкот со кои се натпреваруваат за плен, а освен нив и додатен број животни кој им го мршојадат уловот, па рисот не секогаш успева да го прехрани своето легло.

Од долгогодишното искуство и поконкретно, видео замките кои се следат од 2008 година, Диме и тимот забележуваат нов предатор во националниот парк – кучето. Овие напуштени кучиња, кои се често донесени токму во планините и руралните средини од неодговорните сопственици, создаваат додатен притисок на рисот, што е многу неповолно заради неговиот веќе критично мал број. Овие кучиња, за да преживеат, се приклучуваат на глутници, или групи, волци или создаваат свои групи за лов, што уште повеќе го намалува опсегот на пленот на рисот.

dime melovski 300x300 1

Што предизвикуваат напуштените кучиња кои завршуваат во шумата?

Кои се можни решенија?

resenieto za ulicnite kucinja treba da pocne od nesovesnite sopstvenici 2Според неколку соговорници од ланска трибина на ИКС за напуштени кучиња, најхуман метод за контрола на популацијата на улични кучиња е принципот „залови, стерилизирај, врати.“ Според утврдени студии од регионот и пошироко, Димитровски сподели дека најефикасна стратегија е да се стерилизираат 75% од нестерилизирани кучиња секои шест месеци. Со тоа, проблемот брзо би се ставил под контрола. Но, и тука има услов – а тој е да се намали бројот на новонапуштени кучиња од страна на несовесни сопственици.

voislav dimitrovski

Што е успешна национална стратегија за решавање на проблемот?

Освен тоа, повеќето градови во Македонија немаат еквиваленти на ЈП „Лајка“ во Скопје, која не само што ги стерилизира кучињата, туку и ги подобрува нивното здравје, благосостојба, ниво на социјализавција, пробува да им најде дом, итн. Сепак, Димитровски истакна дека има зачетоци за вакви претпријатија во Битола и Велес.

За крај, одговорот е – ни треба системско решение и тоа: за контрола и заштита во општини ширум државата, построги казни или построго спроведување на казни, и што е многу важно, едукација на младите луѓе уште од школска возраст, за кога ќе посвојат куче, живо суштетство кое целосно ќе зависи од нив, ќе бидат свесни за тежината и убавината на таа одговорност.

Ако ова ви беше интересно, слушајте го нашиот подкаст на следниот линк.

Сподели