fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
biorazgradlivi kesi kaj nas ne postojat bidejki se mnogu skapi featured 2

Биоразградливи кеси кај нас не постојат бидејќи се многу скапи

Со забраната за кесите за една употреба од 2021 година, најтенките кеси требаше да ги снема, а на нивно место да се појават алтеративи. Две години подоцна, овие кеси ги има насекаде, а алтернативите ги снема по кратко време. Проценката е дека во Македонија дневно се употребуваат и фрлаат над 3 милиони кеси за една употреба.

Зошто тие се штетни по здравјето на луѓето и за природата разговаравме со проф. Јадранка Блажевска Гилев, од Институтот за органска технологија на Технолошко металуршкиот факултет во Скопје која учествуваше во студијата за пластичните кеси изработена како поддршка на пратениците во процесот на изработка на овој закон.

jadranka mala

Блажевска Гилев:  За штетноста по здравјето

За многумина e трагично што со законот од 2021-ва ова е втор пат како се забранува употребата на најтенките пластични кеси и таа повторно не се спроведува од страна на институциите. Овие кеси беа забранети и со законот во 2012 година, но забраната се одложуваше со наводна потреба на компаниите произведувачи да се приспособат за промена на производството. Здравко Савески од граѓанската Иницијатива за ослободување од еднократна пластика смета дека самата држава си ги изигрува законите што е многу лош сигнал.

zdravko saveski 300x300 1

СавескиЗа непочитувањето на законите

Граѓаните се свесни дека кесите за една употреба се штетни и загадуваат, но за оние кои се наплаќаат по 15 денари на касите и се разградуваат имаат попозитивен впечаток дека не се толку штетни, а многумина мислат дека тие се и „биоразградливи“. За тоа дали постојат „биоразградливи“ кеси во Македонија одговори проф. Блажевска Гилев:

jadranka mala

Блажевска Гилев: За кесите што се плаќаат

 

Слушнете го целиот подкаст за пластичните кеси, дали досегашната забрана има ефект, дали биоразградлива пластика е решение и што може да направи секој од нас посебно…