Габровски Водопади – локалитет што мора да се заштити
Габровските Водопади се наоѓаат веднаш над с. Габрово, на падините на Беласица. Тие се најмали од трите беласички водопади, Смоларски и Колешински. До Габровските Водопади води нов локален пат во правец кон с. Габрово. Водопадите се сместени на крајот на од селото од горната страна. Пред нив, се наоѓа мал уреден паркинг од кои продолжува и шумска уредена поплочена патека. Во околината се наоѓат клупи и мали летниковци. Коритото на водопадите е уредено со бетонски парапет, а дел од водата во бетонски канал се упатува кон селото. Сето ова целосно ја нарушува природноста на локалитетот. Освен тоа околу клупите и летниковците се наоѓа големо количество на отпад, а тој може да се сретне и во водата на водопадите.
Габровските Водопади не се наоѓаат на листата на заштитени подрачја во Македонија. Според Валоризација на природните вредности на Планината Беласица зоната околу потоци и водопадите на Габрово се предложува како зона на строга заштита на Беласица. Габровските водопади исполнуваат неколку услови од Законот за природа да бидат заштитени. Доколку би се случило ова управител на локалитетот би бил oпштината Струмица која преку комуналото претријатие се грижи за комуналната хигиена на локалитетот. Сепак за да дојде до заштита треба да се преуреди и просторот. Бетонските парапети и канали треба да се отстранат и реката да се врати во стариот тек. Оградување на дел од локалитетот би помогнало во негово зачувување.
Заштитување на овие водопади треба да биде императив во годишната програма за заштита на природата на локалната самоуправа.
Едукативна табла
Патеката кон водопадите
Габровски водопади
Бетонски парапет околу водопадите
Отпадоци во реката веднаш по водопадите