fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
matka i vodno dve podracja eden problem featured

Матка и Водно: две подрачја – еден проблем

 

  • Водно и Матка се две заштитени подрачја од различна категорија кои се граничат.
  • Неправилното или непостоечко управување, урбанизацијата и загадувањето се нивни заеднички проблеми низ годините.
  • Едно од најзагрозените богатства се токму пештерите кои се наоѓаат во кањонот Матка.
  • За двете подрачја логично е да ги управува еден, а не два управувачи кои досега не комуницирале за заедничка заштита.
  • Има две опции: Водно и Матка да ги управува Град Скопје или да се формира ново управувачко тело.

Водно и Матка се две заштитени подрачја од различна категорија, со различни потреби што се наоѓаат на територијата на Град Скопје. Овие подрачја се граничат со што дополнително постои можност за ширење на опасноста доколку настане некоја природна или еколошка катастрофа.

Според Законот за природа, со Просторниот план од 2004 – 2020 година, дел од планината Водно беше посочен како подрачје со значајни природни вредност од категоријата заштитен предел. Ова значи дека ова подрачје е формирано во симбиоза помеѓу природата и човекот. Шумата на Водно, засадена од човекот, денес претставува вистински шумски екосистем. Но, Водно има и многу значајни социјални и културолошки вредности. Водно е симболот на Скопје.

Град Скопје како управувач, според олуката, требаше да формира научен совет, совет на засегнати страни, да оформи чуварска служба и најважното,  план за управување, кој опфаќа многу програми, и за туризам и за културно наследство и за ерозивни подрачја за заштитата на природата. Но ништо од ова не е ништо направено“.

matka i vodno dve podracja eden problem 1

Граници на Споменик на природата Матка и заштитен предел Водно

Матка е подрачје со исклучителна природна вредност, не само на локално, туку и на светско ниво. Низ територијата на Матка живеат едни од најретките растителни и животински видови. Таа е главната туристичка точка на Скопје. Денес Матка е загрозена, узурпирана од нелегални бизниси, дивоградби и негрижа од управувачот – Општина Сарај.

Поради дилемата околу тоа кој треба да управува со Матка- дали Градот Скопје, дали Јасен како Јавно претпријатие кое што има делови на тоа подрачје, дали Општината Сарај, направен е десетгодишен застој околу репрогласуање на Матка и затоа таму се случија во целиот тој период многу недозволени дејствија.

Такви се: возењето на чамци, градби со дозвола на Општината Сопиште, на десниот брег на Матка, што е спротивно на одлуката која што забранува било какви градби, нередовно одржување од смет…

Но, едно од најзагрозените богатства се токму пештерите кои се наоѓаат во кањонот Матка. Овие пештери се нелегално окупирани и поради нерегулираните посети се под постојана опасност од уништување.

matka i vodno dve podracja eden problem 2

Eдно од најзагрозените богатства се токму пештерите кои се наоѓаат во кањонот Матка

Водно и Матка се подрачја кои се граничат. Односно, највредните делови од Матка се претопуваат со границите на Водно. Затоа, не постои аргументирана причина зошто двете подрачја да се управувани од два управувачи кои досега не комуницирале за заедничка заштита на подрачјата.

Постојат две опции за решавање на овој проблем. Водно и Матка да се дадат на управување на Град Скопје како поголемо административно и логистичко управувачко тело, кое има поголем буџет, ресурси и можности за меѓународни проекти за заштита на природата.Или, да се формира ново управувачко тело, кое ќе се занимава исклучиво со синхронизирана заштита на двете подрачја.

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Ангела Рајчевска
Снимател: Наке Батев
Монтажерка: Мајда Бошњак Атанасовска