Прекрасно богатство во срцето на Малешевијата
Со одлука на Владата на Република Македонија од декември 2021 дел од Малешевските планини е прогласен за заштитено подрачја од петта категорија односно – заштитен предел. Станува збор за подрачје каде што интеракцијата на луѓето со природата во текот на времето создала предел со значителни еколошки, биолошки, културни и други вредности, географски особености и има рекреативно, историско и научно значење.
Заштитата на овој предел ќе се врши преку преземање на активности за зачувување и одржување на значајните или карактеристичните особини произлезени од природната конфигурација и од типот на човековата активност, одржување на хармоничната интеракција на природата и културата и продолжувањето на традиционалниот начин за користење на земјиштето.
Се предвидува и поддршка на начинот на живот и економските активности кои се хармонизирани со природата и заштита на социјалната и културнатa основа на заедниците кои живеат на тоа подрачје и одржување на разновидноста на пределот и живеалиштата, како и на видовите и екосистемите. Во рамките на заштитените предели постојат зони со три нивоа на заштита: зона на строга заштита, зона на активно управување и зона на одржливо користење.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Фотографија и текст: Дарко Андоновски