fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
koi informacii mozat naucnicite da gi dobijat od fosilite vnatre

Кои информации можат научниците да ги добијат од фосилите?

автор: Милтон Кацмејер (Milton Kazmeyer)

Палеонтологија е наука која, анализирајќи ги фосилите, го проучува праисторискиот жив свет. Проучувајќи ги зачуваните остатоци од животни и растенија кои живееле пред милиони години, научниците можат да добијат корисни информации за потеклото и еволуцијата на животот на Земјата.

koi informacii mozat naucnicite da gi dobijat od fosilite vnatre

Структура

Основната информација која фосилот може да ни ја даде е како изгледале растенијата и животните. Се разбира дека откривањето на целосен фосил е најдобар за разбирање на структурата на организмот, но сепак и делумните фосили можат да ни дадат вредни информации.

Опкружување

Состојбата на фосилот може да даде информации за тоа каква била средината и опкружувањето во тоа време. Фосили кои се добро зачувани и целосно можат да бидат индикација за мочуришна средина чии меки органски материи помогнале да се зачува фосилот.

Определување на староста

Релативната длабочина на фосилите може да ни даде информации за тоа кога живееле тие организми – колку подлабоко е закопан, толку фосилот е постар. Овие информации можат да се потврдат со јаглеродната метода (carbon dating) со која се утврдува староста на фосилот.

Геологија

Пронаоѓањето на слични фосили во разни подрачја е знак за тенденција на движење на кората на Земјата, која ги растура остатоците од живиот свет кој во минатото живееле на едно место.

Еволуција

Пронаоѓањето на слични фосили од разни временски период може да им помогне на научниците да добијат подобра претстава за тоа како живите организми еволуирале и се менувале во периоди од милиони години.

Сподели