fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
Геотермалната енергија има голем потенцијал кој не го користиме

Геотермалната енергија има голем потенцијал кој не го користиме

  • Жешките резервоари во Земјата природно се надополнуваат, што ја прави обновлива и одржлива.
  • Геотермалната енергија е поеколошка од конвенционалните извори на гориво како што се јагленот и другите фосилни горива.
  • Најголемиот недостаток на геотермалната енергија е што геотермалните постројки треба да се градат на места каде што е достапна енергијата.
  • Македонија има долгогодишно искуство во искористувањето на геотермалната енергија, но, последните три децении се период на стагнација на геотермалниот развој.

Геотермалната енергија е одржлив и обновлив извор на енергија кој сè уште е во голема мерка неискористен. Како еколошки ресурс, тој има потенцијал да ги задоволи потребите за греење, ладење и електрична енергија во иднина. Иако има потенцијал, кај нас речиси и воопшто да не се користи.

Сепак, геотермалната енергија има многу предности, но има и некои предизвици кои треба да се надминат за нејзино целосно искористување.

Геотермалната енергија е поеколошка од конвенционалните извори на гориво како што се јагленот и другите фосилни горива. Покрај тоа, јаглеродниот отпечаток на геотермалната централа е низок. Но, најголемиот недостаток на геотермалната енергија е што геотермалните постројки треба да се градат на места каде што е достапна енергијата, што значи дека некои области не се во можност да го искористат овој ресурс.

Геотермална енергија - фотографија од централа

Најголемиот недостаток на геотермалната енергија е што геотермалните постројки треба да се градат на места каде што е достапна енергијата

 Геотермалната енергија ќе трае додека Земјата не биде уништена од Сонцето. Жешките резервоари во Земјата природно се надополнуваат, што ја прави обновлива и одржлива. Но, иако геотермалната енергија обично не ослободува стакленички гасови, има многу од овие гасови складирани под површината на Земјата кои се ослободуваат во атмосферата за време на копањето. Сепак, овие емисии на гас сè уште се далеку пониски од оние поврзани со фосилните горива.

Светската потрошувачка на енергија моментално е околу 15 теравати, што е далеку од вкупната потенцијална енергија достапна од геотермалните извори. Она што стои на негативната страна е ризик од земјотреси, иако импликациите од нив се мали, бидејќи геотермалните постројки се подалеку од населените места.

Во вкупното искористување на примарна енергија, геотермалната учествува со околу 0,4% и во потрошувачката на финална енергија со 0,5 отсто

Геотермалната енергија обезбедува сигурен извор на енергија во споредба со другите обновливи извори како што се ветерот и сончевата енергија, бидејќи може да се користи во секое време. Но, важно е да се знае дека овој вид на енергија е скап ресурс за искористување, со цени кои се движат од околу 2-7 милиони долари за постројка со капацитет од 1 мегават. Меѓутоа, онаму каде што почетните трошоци се високи, расходите може да се надоместат како дел од долгорочна инвестиција.

Македонија има долгогодишно искуство во искористувањето на геотермалната енергија. Но, последните три децении се период на стагнација на геотермалниот развој.

Нема инвестиции ниту во истражувања ниту во развој на нови проекти. Во вкупното искористување на примарна енергија, геотермалната учествува со околу 0,4% и во потрошувачката на финална енергија со 0,5 отсто.

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Катерина Топалова Дејановска

Снимател: Наке Батев

Фото: Дарко Андоновски

Монтажа: Ристо Душковски


Поврзани стории:

Малите хидроцентрали создаваат најмало загадување за човекот, но не и за природата

Имаме 280 сончеви денови годишно, но малку ги користиме за енергија

Водата како извор за енергија кај нас е (зло)употребена