fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
Малите хидроцентрали создаваат најмало загадување за човекот, но не и за природата

Малите хидроцентрали создаваат најмало загадување за човекот, но не и за природата

  • Главна причина за зголемување на интересот на инвеститорите за овој бизнис е тнр. повластената тарифа, која беше претставена во 2007 година, а почна да се применува во 2010 година.
  • Според Регулаторната комисија за енергетика, во вкупно произведената електрична енергија од повластени производители коишто користат повластена тарифа, малите хидроелектроцентрали во 2019 година учествуваат со 48 %.
  • Tрошоците за одржување на овие мали хидроцентрали се ниски, но просторот за да се изградат треба да е голем.
  • Цената на горивото е нула, што значи дека добрата работа е што не се испуштаат штетни гасови при создавањето на електрична енергија, но, лошата е дека процесот тече само доколку има изобилство од вода, во спротивно – само се нанесува штета.

Најпогодна и лесно достапна електрана која создава и најмалку загадување е хидроцентралата. Според податоците на невладините организации, кај нас има изградено околу стотина мали хидроцентрали, а со децении македонските политики ја фаворизираат нивната изградба.

Мали хидроцентрали - фотографија

За функционирање на мала хидроцентрала речиси и да не е потребен човечки фактор

Главна причина за зголемување на интересот на инвеститорите за овој бизнис е  таканаречената повластената тарифа, којашто како мерка за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија беше претставена во 2007 година, а почна да се применува во 2010 година.

Но, кои се предностите, а кои мааните на овој извор на енергија.

Водата е достапна во текот на целата година и тоа е една од најголемите предности. Но, важна разлика меѓу малите хидроцентрали и останатите капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија е што, според сите досегашни истражувања, малите хидроцентрали во многу случаи предизвикуваат уништување на реките и на живиот свет.

Малите хидроцентрали во многу случаи предизвикуваат уништување на реките и на живиот свет

Уште една добра работа е што трошоците за одржување на овие мали хидроцентрали се ниски, но просторот за да се изградат треба да е голем, што уште еднаш упатува на тоа дека мора да се уништи голема површина од природата.

Цената на горивото е нула, што значи дека добрата работа е што не се испуштаат штетни гасови при создавањето на електрична енергија. Но, лошата страна е дека процесот тече само доколку има изобилство од вода, во спротивно – само се нанесува штета.

За функционирање на мала хидроцентрала речиси и да не е потребен човечки фактор, односно не се потребни вработени, што е уште една добра работа. Но, негативното влијание го чувствуваат и локалните заедници, чијшто пристап до вода зависи од реките на коишто се изградени.

Мала бетонска брана на мала река, во која има цевка каде има испуст на вода

Пристапот до вода за локалните заедници зависи од реките на коишто се изградени хидроцентралите

Според Регулаторната комисија за енергетика, во вкупно произведената електрична енергија од повластени производители коишто користат повластена тарифа, малите хидроелектроцентрали во 2019 година учествуваат со 48 %. Колку за споредба, ветерната електроцентрала ПВЕ „Богданци” учествува со 29 %, што значи дека една ветерна електрана во Македонија има многу повеќе придонес во производството на струја од обновливи извори на енергија отколку малите хидроцентрали. Така малите хидроцентрали всушност носат големи еколошки проблеми во земјата!

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Катерина Топалова Дејановска

Снимател: Наке Батев

Фото: Дарко Андоновски

Монтажа: Ристо Душковски

 

Поврзани стории: