fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
vo makedonija veterot mnogu duva no malku energija dava 7

Во Македонија ветерот многу дува, но малку енергија дава

  • Една од предностите на енергијата на ветерот е што тоа е чиста енергија, односно не испушта стакленички гасови при производство на електрична енергија.
  • Ваквата енергија има предности, но има и недостатоци.
  • Овој вид на продукција на енергија нема постојан трошок за набавка, но ветерната енергија не функционира секаде.
  • Изградбата на пристапни патишта, канали, далноводи и друга инфраструктура, може  да доведе до деградирање на планински предели и заштитени подрачја.

Идејата за искористувањето на ветерот како енергија е стара илјадници години. Бидејќи не вклучува согорување на ограничени фосилни горива и со користењето не се намалува неговата количина, тој се смета за обновлив извор на енергија. Сепак, во Македонија се искористува само еден отсто од ваквата енергија.

Ваквата енергија има предности. Но, има и недостатоци. Една од предностите на енергијата на ветерот е што тоа е чиста енергија, односно не испушта стакленички гасови при производство на електрична енергија.

Сепак, ветерните турбини можат да бидат фатални за дивиот свет. Повеќе се погодени одредени видови со ниска репродуктивна стапка, како и птиците преселници, но се истражуваат иновативни начини за намалување на опасноста за дивиот свет.

Оваа енергија е обновлива. Ветерот не може да се исцрпи. Енергијата на ветерот е слична на сончевата енергија. Но, она што треба да се знае е дека ветерните турбини создаваат и аеродинамичен шум од сечилата низ воздухот и механички шум од машините за генерирање енергија во нив. Оваа бучава може да влијае на дивиот свет, но генерално не е негативен фактор освен ако не стоите во близина.

За да биде оваа инвестиција исплатлива, таа треба да биде во области каде што дува силен и постојан ветер

Овој вид на продукција на енергија нема постојан трошок за набавка. Откако ќе се инсталира турбината на ветер, единствениот реален трошок е одржувањето. Поради тоа ветерот е и евтина опција. Но, ветерната енергија не функционира секаде. За да биде оваа инвестиција исплатлива, таа треба да биде во области каде што дува силен и постојан ветер. Дури и со идеални локации во крајбрежни области, ридови и отворени полиња каде што ветерот е особено силен, тој не дува постојано.

Енергијата на ветерот е ефикасна во просторот и добро се вклопува со другите намени на земјиштето. Ветерните турбини можат да се шират низ полињата со доволно простор меѓу нив за да бидат продуктивни. Бидејќи се издигнати од земјата, просторот под нив е отворен за други намени, како земјоделство, на пример.

Но, она што треба да се напомене е дека во процесот на изградба на ветерниците и потоа во текот на нивната работа се зголемуваат опасностите од уништување на природата.

На пример, за реализација на овие проекти е потребна изградба на пристапни патишта, канали, далноводи и друга инфраструктура. Тоа може  да доведе до деградирање на планински предели и заштитени подрачја, загрозување на флората и на фауната, па дури и до загадување на изворите на вода за пиење.

vo makedonija veterot mnogu duva no malku energija dava 6

Изградбата на пристапни патишта, канали, далноводи и друга инфраструктура, може да доведе до деградирање на планински предели и заштитени подрачја

Според сите досегашни студии, во земјава има 15-ина поволни локации за изградба на ветерници. Од документите за намери и еколошките студии што инвеститорите во изминатиов период ги поднеле до Министерството за животна средина и просторно планирање, може да се види дека има голем интерес има особено во јужниот дел од земјата, но и останатиот дел од државата не заостанува. Овој извор досега кај нас е незначително искористен.

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Катерина Топалова Дејановска
Снимател: Наке Батев
Монтажа: Ристо Душковски